ЗабаваИлон Маск е „уловен“ со 23 години помлада девојка (ФОТО)Илон Маск е фотографиран во друштво на својата 23-годишна нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет, додека уживаат на ручек во Сент Тропе.Двојката била видена како вечера во хотелот Шевал Блан, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск (50) и Басет (27) се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегле од скапиот ресторан. View this post on Instagram A post shared by Natasha Bassett (@natashabassett) Фотографиите ги објави Дејли Мејл, а ова не е првпат Маск да биде виден во друштво на актерката. Тие првпат биле забележани заедно во февруари, додека се симнувале од неговиот приватен авион во Лос Анџелес, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка. View this post on Instagram A post shared by Natasha Bassett (@natashabassett) Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Таа добила неколку улоги во телевизиски серии како Hail! Caesar , а го отелотворила ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот Britney Ever After. Со глума се занимава од 14-годишна возраст, кога ја добила главната улога во претставата Ромео и Јулија. Актерката ќе може да ја гледаме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли. View this post on Instagram A post shared by Natasha Bassett (@natashabassett) „Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и иако сега не ѝ пречи да биде позната по нивната врска, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск“, велат пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над ЛитванијаБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад. Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“ Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска. Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.Тагови: дрон НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook