Илон Маск дели милиони долари за да помине кандидатот на Трамп во Врховниот суд - Канал 5

Илон Маск дели милиони долари за да помине кандидатот на Трамп во Врховниот суд

Сопственикот на Tesla, Илон Маск, на двајца гласачи во Висконсин им предаде два чека од по милион долари.

Илон Маск дели милиони долари за да помине кандидатот на Трамп во Врховниот суд

Тој го направи ова пред изборите за Врховниот суд во Висконсин, пишува Гардијан, додавајќи дека Маск ги именувал двајцата гласачи и портпароли на неговата политичка група, велејќи дека исходот од изборите за Врховниот суд ќе биде клучен за агендата на американскиот претседател Доналд Трамп и за „иднината на цивилизацијата“.

„Ова е многу голема работа. Не го правам ова преку телефон, овде сум лично“, рече Маск пред публика од околу 2.000 поддржувачи.

Маск и групите што ги поддржува потрошија повеќе од 20 милиони долари за да му помогнат на конзервативниот кандидат Бред Шимел, кој ќе го одреди составот на судот и најверојатно ќе одлучува за клучните прашања во државата, да победи на изборите во Висконсин.

„Мислам дека ова ќе биде важно за иднината на цивилизацијата. Тоа е толку значајно“, им рече Маск на насобраните поддржувачи.

Тој посочи дека Врховниот суд во Висконсин, меѓу другото, би можел да се занимава со редефинирање на границите на конгресните области, што на крајот може да влијае на тоа која партија го контролира Претставничкиот дом на САД.

Едногласната одлука на Врховниот суд во Висконсин, донесена само неколку минути пред почетокот на митингот на Маск, во последен момент го одби барањето за сослушување на актуелниот демократски јавен обвинител кој се обиде да го спречи Маск да им дели чекови на двајца гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Една чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. 

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење.

Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии.

-Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје

- Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“

Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата.

-Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести

Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер