„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
2„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
ЕвропаИлјадници студенти и ученици протестираа во Чешка против реформата на јавните медиумиПротестот и петицијата „Не ги даваме медиумите“ ги организираа студенти од Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, а симболично започнаа во пет до 12 часот.Илјадници ученици и студенти од повеќе од 200 училишта и факултети во Чешка денеска излегоа на улиците под паролата „Не ги даваме медиумите“, протестирајќи против намерата на Владата на премиерот Андреј Бабиш да ја намали независноста на јавниот радиодифузен сервис преку укинување на претплатата и воведување буџетско финансирање под владина контрола, со помалку средства од досега. Протестот и петицијата „Не ги даваме медиумите“ ги организираа студенти од Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, а симболично започнаа во пет до 12 часот. Студентите и учениците, како и синдикатите, раководството на јавниот сервис и опозицијата, предупредија дека предлог-законот на Министерството за култура го менува системот на финансирање така што Чешката телевизија и Чешкото радио во иднина би се финансирале од буџет за кој одлучува Владата. Веќе за следната година се предвидуваат значително помалку средства од оние што сервисите ги добиваат преку претплата, што претставува опасен притисок врз нивната независност. Јавниот сервис има клучна улога во обезбедување проверени информации, борба против дезинформации и заштита на јавниот интерес. Студентите предупредија дека младите ќе бидат генерацијата што ќе ги почувствува последиците од задушувањето на независните медиуми. Најмасовниот протест се одржа во Прага, каде што напладне на плоштадот „Јан Палах“, пред Филозофскиот факултет, се собраа околу 5.000 студенти и ученици, според организаторите. - Ја повикуваме Владата да го повлече предлогот. Медиумите треба да им служат на граѓаните, а не на политичката власт - изјави еден од организаторите, Томаш Страњик, повикувајќи на поддршка на петицијата. Демонстрантите се упатија кон Министерството за култура и удирајќи по вратите побараа да излезе министерот. Синдикатите на јавните сервиси најавија подготвеност за штрајк доколку Владата продолжи со промените, а поддршка добија и од раководството на информативната програма. Генералниот директор на Чешкото радио, Рене Заворал, претходно го критикуваше предлогот како обид за слабеење на јавниот сервис и преземање политичка контрола. - Една од придобивките на Кадифената револуција беше создавање што понезависни јавни медиуми од државата. Буџетското финансирање секогаш е чекор назад - изјави Заворал. Премиерот Бабиш го брани моделот, наведувајќи дека го применуваат 17 членки на ЕУ, додека министерот за култура Ото Клемпиж најави можност за дополнителни гаранции за уредувачката независност. Јавните медиуми, особено Чешката телевизија, со години се мета на критики од Бабиш, кој смета дека наместо да ги истакнуваат успесите на Владата, тие се фокусираат на афери, вклучително и оние поврзани со него. Поранешната еврокомесарка Вера Јоурова оцени дека предлогот создава впечаток дека се урива функционален систем и се ликвидира јавниот сервис. Таа потсети дека во ЕУ постои тренд на нарушување на независноста на медиумите и предупреди дека Чешка се приближува кон таква состојба. Според анкетите, само 33 отсто од Чесите имаат доверба во медиумите, но довербата е поголема во јавните сервиси – 57 отсто во Чешкото радио и 48 отсто во Чешката телевизија. Истражување од минатата година покажало дека 77 отсто од граѓаните сметаат дека независните јавни медиуми се неопходни за демократско општество. Vyhlášení stávkové pohotovosti v @CzechTV za podpory stovek pracovníků v Praze, Brně, Ostravě a ostatních regionech. Sledujte @CTverejnopravne. Díky všem za podporu. pic.twitter.com/Aq8RuB4Zoi — Jakub Szántó (@JakubSzanto) April 22, 2026 Тагови: студенти Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook