Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветИлјадници луѓе протестираа во Магдебург, каде Саудиец направи масакр на божикен базар (ВИДЕО)Илјадници луѓе во Магдебург денеска формираа човечки синџир во спомен на жртвите од нападот на божиќниот базар во градот и се спротивставија на десничарските екстремисти кои, како што велат, сакаат да ги искористат убиствата за политичка промоција.Толпи се собраа на местото каде што Саудиец во петокот возеше автомобил низ божиќниот базар, при што загинаа пет лица, а 235 беа повредени. Иницијативата „Не давај шанса на омразата“ повика на формирање човечки синџир, а во акцијата учествуваше и магдебуршката епархија. Полицијата соопшти дека учествувале 4.000 луѓе. Организаторите рекоа дека луѓето од сите возрасти застанаа заедно во густи толпи. Држеа свеќи во рацете и плескаа и се заблагодарија на брзата помош. BREAKING: 20 000 Germans are marching on the streets of Magdeburg to against Germany’s open doors immigration policies. The protest comes after the car-ramming terror attack against the city’s Christmas market. People are now calling for mass deportations from 🇩🇪 pic.twitter.com/vzjQ54Y0a1 — Visegrád 24 (@visegrad24) December 23, 2024 Во исто време, приврзаниците на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) одржаа митинг на плоштадот на катедралата, барајќи депортација на мигрантите. Потпретседателката на AfD, Алис Вајдел, рече дека луѓето конечно сакаат да живеат во безбедност. Зборувајќи за насилникот, таа рече дека секој што ги презира граѓаните на земјата што му дала засолниште „не припаѓа на земјата“. Недолго по нејзиниот говор и едноминутното молчење, следеше погребниот марш. 🇩🇪 BREAKING NEWS: It is reported that more than 20,000 people have gathered in the city center of Magdeburg for the AfD rally. pic.twitter.com/syiXVC2rBC — Update NEWS (@UpdateNews724) December 23, 2024 Властите во покраината Саксонија-Анхалт Рајнер Хаселоф предупредија дека ескалацијата на заканите е последица на искористувањето на злосторството извршено на божиќниот базар, за кое се одговорни десничарските екстремисти. Државната мрежа на мигрантски организации во покраината зборуваше за опасната ситуација и експресно ги советува луѓето со мигрантско потекло да не се движат низ градот сами и во темница. Во петокот вечерта, осомничениот, идентификуван како Талеб со презиме А. според строгите германски закони за заштита на идентитетот, наводно возел автомобил низ преполниот божиќен базар. Тој е уапсен на местото на настанот и се наоѓа во притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаИПАРД фондовите за македонските земјоделци се целосно одблокираниЕвропскиот фонд за развој на земјоделството- ИПАРД по блокадата заради скандалот со екс директорот се враќа во функција.Ипард фондовите за мекедонските земјоделци се целосно одблокирани. По застој од околу 5 месеци, платежната агенција најавува дека во декември ќе се објават огласи за мерките 1,3 и 7 за што земјоделците и преработувачките компании можат да почнат со подготовките на потребните документи за алицирање. Палтежната заради корупцискиот скандал на екс директорот Стоиле нарави измени на процедурите кои се веќе поминати и одобрени од страна на Еврпската Унија и сега се чека само уште финалното одобрение од Министерствот за финансии од националниот координатор за ИПАРД 3 прграмата Инаку Ипард 3 е европската програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој, која за периодот 2021–2027 за мекедонските земјдоелци и компаниите на располагање им става вкупно 128 милиони евра, од кои 97 милиони се европски средства, а нешто повеќе од 31 милион евра се национално кофинансирање. Платежната агенција исто така објави дека до крајот на годинава ќе ги расчисти сите долгови за заостанатите субвенции Паралелно со исплатите на субвенциите веќе почнува процесот на подготовка на новата програма со која треба да се предвидат по колку пари ќе има за субвенциите во 2027 година за што дел од земјоделските здруженија бараат наместо 100 милиони евра вкупниот фонд за субвенциите да се золеми најмалку на 200 милиони евра. Како аргумент се посочува дека земјите од регионот веќе имаат драстичпно поголеми суми за субвенции од нашите и дека тоа влијае на конурентноста на земјделците и губење на пазарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЗдравјеНајмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама 730 грама е најмалото новороденче, родено во 25 гестациска недела во моментов е најмалото бебе на ГАК. На клиниката за гинекологија и акушерија во пораст се предверемно родените бебиња. Педијатрите објаснуваат дека грижата за здравјето треба да пред планирањето на бебе. Чести причини за за предвремно пораѓање се висок притисок, проблеми со тиродната жлезда, аномалии на матката, возраста кај родилките. Од првиот ден почнува битката за малите борци и е важно да има добар кадар и опрема. „Ова е едно искуство кое што во животот веќе нема никогаш да го помине. Затоа донацијата од Проџект Хоуп за нашите борци спасува живот. Поставувањето на долгите интервенски линии е поставување на еден флексибилен долг катетер во самата вена. 01.22 Пред се преневираме нанесување на болка кај овие пациенти ги штитиме од тоа и безбедноста ни е на прво место, затоа што се изложени на голем број на интревенции. “ На Клиниката се зголемува бројот и на возрасни родилки кои им треба поголема нега во делот на интензивното лекување по одредени хируршки интервнеции и подлоги лекувања на клиниката. Но, и пациентки кои имаат компликации по раѓање или операција. Со овој апарат се следи целосно здравствената состојба на пациентките, сите витлани параметри. Директорката Ирена Алексиоска Папстиев објаснува дека вложувањето во едукација на кадар и опрема е најважен. „30 тина гинеколози и акушерки беа едуицрани со дводневен курс со цел да се снајдат во оние најкритични ситуации. До 3.21 Ноември е месец посветен на предвреме родените бебиња, навременото препознавање и реагирање ги спасува, апелираат педијатрите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка ПетровскаПретседателот на СДСМ Венко Филипче ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од фукцијата заменик – координаторка на пратеничката група на партијата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на партијата. На координација која се одржала вчера, Филипче ги известил присутните за одлуката, а Петровска во изјава за Канал 5 потврди дека го потпишала известувањето до претседателот на Собранието Африм Гаши. Таа вели дека не и била посочена конкретна причина за разрешувањето, но реагира на обвинувањата што, ги упатил партискиот лидер против неа, а кои смета дека оделе во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порачува дека останува верна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови. „ Функција како функција, менлива е и менлива, се разбира дека за мене тоа не е никогаш ниту било, нити е проблем, затоа што никој не може да ми ја одземе мојата социјалдемократска определба. Јас ништо не сум направила спротивно на интересите на партијата и не може едно раководство или тесен круг на луѓе околу Венко Филипче да се претставуваат дека се тие коишто го зборуваат гласот на членството. Јас кажав и на самата координација, доколку има потреба за елаборирање и објаснување на моите политички ставови кои се однесуваат на партиското раководство, апсолутно јас сум подготвена да се соочам и со членовите на Централниот одбор, но и со членовите на Конгресот на партијата.“ Разрешувањето доаѓа откако Петровска ја поддржа платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која бара оставка од Филишче и реформи во партијата. Во гостувањето во „Само интервју“, Игор Ивановски од платфоркмата објасни дека иницијативата не е насочена само кон промена на претседателот, туку и кон промена на начинот на кој партијата ја води опозициската политика. „Они мислат дека бројот на соопштенија е политичко, партиско, опозициско дејствување? И тоа сè во погрешен тајминг: кога треба да се збори за локални проблеми за граѓаните, тие зборат за Бугарите во Устав. Сега, кога имавме сериозен, и сè уште не е завршен проблемот на тотално руинирање на нашиот безбедносен, правосуден, политички систем со учество или под водство на Бугарија, а тоа е бегството на Ива Михајлова, пример. Имате ситуација кај што Артан Груби излегува од куќен притвор внимавајте – и прави фешта во Чаир. СДСМ на пратенички прашања поставува прашање за ископ на земја.“ Од друга страна, Филипче во телевизиско интервју за Алсат ги отфрли обвинувањата дека актуелното раководство ја губи поддршката во партијата. Воедно, ги обвини иницијаторите на платформата за поврзаност со власта и порача дека нема да дозволи овие случувања да ја поделат партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter