Илјадници фанови разочарани – Дошле да го видат Роналдо , а тој не излегол на теренот (ВИДЕО)

Илјадници јужнокорејски навивачи излегоа разочарани среде пријателскиот натпревар меѓу Јувентус и нивниот првак. Дошле да го видат Роналдо , а тој остана на клупата. Адвокатите бараат 50 милиони евра надомест за навивачите.

Португалецот целиот натпревар го мина на клупата.

Маурицио Сари, тренерот на Јувентус, го оправда отсуството на Роналдо со повреда: „Се очекува тој да игра помалку на овие пријателски натпревари поради проблеми со мускулите. Ова го решив во договор со Павел Недвед и самиот Роналдо. Не можевме да ризикуваме. Ако сакате да дојдете во Италија за да го гледате Роналдо , ќе ви го платам билетот.“

Фановите го скандираа неговото име во поголемиот дел од мечот, но во вториот дел почнаа да скандираат - „Лео Меси“. Организаторот на натпреварот најави дека ќе го тужат Јувентус, бидејќи тврдат дека во договорот е предвидено Роналдо да игра најмалку 45 минути, но приказната добила ново продолжение.

Адвокатската фирма Мјунган се занимава со случаи на незадоволни навивачи и би можела да поднесе тужба против организаторите на натпревари за експлоатација на навивачи преку измамнички маркетинг.

Пресметката е дека тие бараат на секој навивач да му биде вратена сума во вредноста на билетот за натпреварот (52 €), да плати провизија (околу 1 €) и надоместок за психијатриска помош до 760 евра за секој гледач.

Кога сите овие ставки ќе бидат додадени, за 60.000 навивачи кои го следеа натпреварот во живо, на организаторот , јужнокорејската компанија The Fast , му се заканува тужба од околу 50 милиони евра.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер