ЖивотИлјадници донираат за одбрана на убиецот на американскиот директор за осигурувањеВо деновите откако Луиџи Манџоне беше обвинет за убиство на директорот на американско здравствено осигурување, илјадници луѓе донираа пари онлајн за негова правна одбрана, а објавени се и пораки за поддршка, од кои некои дури го слават злосторствотоHina Во деновите откако Луиџи Манџоне беше обвинет за убиство на директорот на американско здравствено осигурување, илјадници луѓе донираа пари онлајн за негова правна одбрана, а објавени се и пораки за поддршка, од кои некои дури го слават злосторството. Во Њујорк се појавија плакати со лица на различни директори со натпис „Се бара“. Веб-страници продаваат стока со Манџоне, вклучувајќи капи на кои пишува „Ловец на директори“ над мета за гаѓање. А, некои корисници на социјалните мрежи се заљубија во неговата насмевка и стомачни мускули. Манџионе е обвинета за убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, татко на две деца, со истрел на 4 декември пред хотел на Менхетен, што доведе до петдневна потрага по маскираниот сторител. Многумина го осудија злосторството за кое е обвинет, но фотогеничниот 26-годишник, образован на универзитет во одредени кругови стана мешавина од народен херој, ѕвезда и интернет миленик. Неговата поддршка навидум само се зголеми по неговото апсење во понеделникот. Повеќето од пораките на платформата за прибирање средства GiveSendGo ја одразуваат длабоката фрустрација на многу Американци од американскиот здравствен систем, во кој некои третмани и надоместоци може да им бидат одбиени на пациентите во зависност од тоа што покрива нивното осигурување, но и пошироко незадоволство од растечката нееднаквост во приходите и се повисоки платите на извршните директори. „Негирањето (медицински услуги врз основа на) здравствено осигурување е убиство, но никој не е обвинет за кривичното дело“, напиша еден донатор, нарекувајќи го убиството „оправдано“. Неколку други едноставно напишаа „ Deny, Defend, Depose “, зборови наводно напишани на чаурите пронајдени на местото на убиството, а за кои критичарите велат дека се однесуваат на тактиките на осигурителните компании да избегнат плаќање за третман на осигурениците. Само на платформата GiveSendGo до средата беа собрани повеќе од 31.000 долари. Манџионе е притворен во Пенсилванија под обвинение за нелегално поседување оружје и фалсификување документи, додека обвинителите во Њујорк бараат негова екстрадиција. Неговиот адвокат рече дека има намера да се изјасни за невин по обвиненијата во Пенсилванија. Огнено оружје и пригушувач кои одговараат на оружјето што се користеше за пукање во Томпсон беа пронајдени кај Манџионе, како и облека и маска слична на онаа што ја носеше убиецот, изјави Џесика Тиш од полициската управа во Њујорк. Други докази пронајдени кај него вклучуваат рачно напишани документи кои го прикажуваат неговиот наводен криминал како легитимен одговор на она што тој го сметал за корпоративна алчност, објавија некои медиуми. Американците плаќаат повеќе за здравствена заштита од жителите на која било друга земја, а податоците покажуваат дека трошоците за премии за осигурување, како и цените на фармацевтските и болничките услуги се зголемени во изминатите пет години. Според неговите пријатели и објавите на социјалните мрежи, Манџоне страдал од хронични болки во грбот што влијаеле на неговиот секојдневен живот, но не е јасно дали неговата лична здравствена состојба имала улога во пукањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook