Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот
Кривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. Мислешево
1Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот
2Кривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. Мислешево
3Минчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрација
3Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
СветИлјадници демонстранти се собраа во центарот на Техеран за поддршка на владатаНа повик на претседателот Масуд Пезешкијан, илјадници Иранци денеска го исполнија плоштадот во центарот на главниот град. Тие го мавтаа знамето на Исламската Република во поддршка на властите и им оддадоа почит на безбедносните сили убиени за време на демонстрациите. Претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека земјата води војна против „терористите“ и предупреди дека Трамп ќе научи „незаборавна лекција“ ако го нападне Иран. Иранските власти се соочуваат со големо антивладино протестно движење, чиешто задушување, според извештаите, остави стотици мртви. Ситуацијата станува еден од најсериозните предизвици за владата од прогласувањето на Исламската Република во 1979 година. Официјален Техеран ги опиша антивладините протести како „немири“. Американскиот претседател, Доналд Трамп, постојано му се закануваше на Иран со американска воена интервенција доколку продолжи репресијата врз демонстрантите. Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска одговори дека Техеран е подготвен и за војна и за преговори. Владата се обидува да ја поврати контролата во земјата, вклучително и со целосно прекинување на интернет комуникациите од 8 јануари.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајотПревентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“,Денеска (16.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, на возачите во Тетово, Велес, Кавадарци и Неготино им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин. Полициски службеници од СВР Битола пак, во основното училиште „Даме Груев" во Битола, одржаа едукативно предавање „Да ги заштитиме децата во сообраќајот". Во Штип, Кочани и Делчево, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со технички исправно возило“, а ги информирааа граѓаните и за последиците што може да настанат доколку возат под дејство на алкохол. Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Куманово спроведе превентивна активност за безбеден јавен превоз на патници и ученици, насочена кон правните лица кои вршат автобуски јавен превоз на патници односно неопходноста превозт да се врши со технички исправни возила. Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Неготино, ПС Пробиштип и ПО Чашка денеска реализираа и превентивни активности за заштита од измами и различни форми на кражби, укажувајќи им на граѓаните да бидат внимателни во комуникација со непознати лица, да не ги споделуваат своите лични податоци и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Oд страна на полициски службеници од ПС ГН Попова Шапка во с. Вешала и с. Шипковица беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Полициски службеници од ПС Берово пак во соработка со родителите на малолетни лица, во Берово спроведоа превентивна активност насочена кон малолетниците, односно за спречување на појавите на малолетничка деликвенција, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции и нарушување на јавниот ред и мир.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. МислешевоКривична пријава против поранешен градоначалник на Струга и двајца вработени во општината за несовесно работење во службата.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(69), А.Б.(40), двајцата од Струга како и против Н.Р.(57) од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево. Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМинчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрацијаМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација. Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане составен дел од работењето на јавната администрација. Во овој контекст беше спомената и досегашната соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС. „Реформата на јавната администрација не е само креирање на закони. Нејзината вистинска вредност е во тоа граѓаните да добијат институции кои работат поефикасно, попрофесионално и во нивен интерес. Затоа ни се важни партнерствата што носат знаење, искуство и конкретна поддршка“ истакна министерот Минчев. Министерството за јавна администрација ќе продолжи да ја продлабочува соработката со меѓународните организации и партнери преку конкретни иницијативи и активности, насочени кон поддршка на приоритетите и реформските процеси во јавната администрација, со цел да се придонесе кон создавање на поефикасна, професионална и современа јавна администрација во служба на граѓаните. Ви благодариме. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter