МакедонијаИлинденско Послание на г.г. Стефан: Првиот Илинден од 1903 беше семе за вториот од 1941, на третиот во 1991 г. повторно не огреа Сонцето!-„Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни. -„Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни. Нашата Македонија, пак, продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И понатаму, за жал, светот го раководат лагата, користољубието и желбата да се завладее туѓото врз принципот на посилниот. Затоа, во ова и вакво време, секој вистински богољубец и човекољубец треба да биде миротворец, треба да биде пример во доброто! Без такви личности постои опасност светот да постане место без надеж и иднина! Затоа верата, подвигот и љубовта на пророкот Илија, но и на сите светии и угодници Божји, треба да бидат пример за следба!“, вели во Илинденското послание Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан. Во Посланието, обраќајќи се на „возљубените потомци на славните илинденци“, тој го цитира „великиот“ пирински војвода, Јане Сандански, кој рекол: „Да живееш, значи да се бориш: робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“ и додава дека овие негови зборови ја разоткриваат смислата на постоењето! „Тие сведочат за потребата човекот како личност, но и секој народ, да се бори за својата слобода! Па оној којшто нема слобода не може да се пројави во времето на овој свет, а и не може да принесе плод од своето постоење – и пред историјата и пред Творецот. Затоа славните илинденци ја започнале својата борба, иако биле свесни за неповолната историска реалност, како и за присутното неединство и честите предавства. Копнежот по слободата ги храбрел да се кренат против силната Османлиска империја, но и да покажат дека постојат и дека за народот кому тие му припаѓаат треба да има место под сонцето. И со тој подвиг покажале дека Македонците и Македонија не се умртвени ниту по многувековното ропство, и дека се желни за слобода. Тој нивни обид, кога требаше, на следните поколенија им овозможи да ја продолжат борбата на илинденците и, конечно, да дојдат до слобода!“ вели г. г. Стефан. Според него, не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода. Првиот Илинден, од 1903-тата, вели Архиепискотот, бил само зачеток, бил семе за вториот Илинден, од 1941-та година, по кој, „на дел од Македонија, ние Македонците се здобивме со своја држава“. Тој се осврнува и на третиот, Илинден, од 1991-та година, кога Сонцето над Македонија повторно изгреа и, како што вели, „таа повторно се појави на светската историска сцена“ со тоа што стана стана независна и суверена држава, а Македонците отворено го прифатија предизвикот да го одбранат своето и да му засведочат на целиот свет дека се мудар, достоинствен, човекољубив и богољубив народ. „Секое поколение има свој предизвик и своја борба! Ние, нашево поколение Македонци, треба да покажеме дека можеме и умееме да бидеме способни да изградиме напредна и праведна заедница! А за тоа е потребно да застанеме против: неодговорноста, неединството, неморалноста и нељубовта помеѓу нас! Конечно, да разбереме дека само со чесност и со слога, на национален и на духовен план, можеме да очекуваме напредок и добробит за сите. Светиот пророк Илија во својата духовна борба против непријателите на вистината немал војска, немал институции, немал земни богатства, но го имал најважното – Го имал Бога и Неговата помош! Слично нему, и многу векови подоцна, апостолот Павле, кога во видение бил повикан да дојде во Македонија и да помогне, зад себе немал империја, немал организирана институција, но Го имал Господа Христа, Кого Го проповедал! Затоа, возљубени, искрено да се молиме и мудро да ја чуваме придобивката од трите Илиндена, та Бог, Кој ги водел и пророкот Илија, и апостолот Павле и свети Климент Охридски и сите Негови светии, секогаш да ја закрилува нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, и да ја благословува нашата Татковина – Македонија, но и сиот овој свет, а сите да нѐ чува од злото и да нѐ воведува во секое спасително и радосно дело! Амин! Честит Илинден!“ порачува г. г. Стефан во завршниот збор од своето Послание до „возљубените чеда на Мајката Македонска Црква“. Тагови: Илинден МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook