Илинден првпат бил прославен во Крушево пред точно 100 години

 Крушево и Македонија ги чествуваат 115-те години од Илинденското востание и Крушевската Република. Илинден е еден од меѓниците на македонската историја.

Но кога првпат официјално се прославил големиот датум од историјата?

Нашите истражувања дојдоа до ексклузивните сознанија: Првата официјална прослава на Илинденското востание била организирана во Крушево 1918 година, на крајот од првата светска војна и по повод 15-годишнината од Востанието.

Во разговорот со крушевскиот историчар и директор на Историски музеј - Крушево д-р Зоран Богески дознаваме: Пробната прослава за Илинден во Крушево се случила во 1916 година, а официјалната била точно пред еден век, во 1918 година.

Приказната почнува да се разоткрива: Тогашниот кмет на Крушево, според сегашни аршини, градоначалник, и учесник во илинденското востани, Наум Томалески од тогашната комисија, формирана од македонската миграција во Софија, за Илинден, добил задача да го организира прославувањето на Илинденското востание. Томалевски се обратил со наредба до месното население. Во прогласот било наведено:

„Градот да добие свечен лик, да се истакнат црвени знамиња, јамболиите по балконите на куќите, крушевските дуќани тој ден да бидат зартворени бидејќи ќе се празнува Голем и Значаен празник од Историјата“, било наведено во прогласот на „градоначалникот“ и илинденец Томалевски.

Програмата била испечатена и поделена меѓу месното население. Се предвидувало и посета на значајните места, како Мечкин Камен, Куличе, предивдена е и панихида за загинатите илинденци.

- На панихидата, која најверојатно прво била одржана во крушевската црква - Успение на пресвета Богородица, а потоа и во сите крушевски цркви, присуствуивале најблиските на загинатите илинденци, како и преживеаните учесници од Илинденското востание. Биле поканети да земат учество и еминентни професори со свои трудови, меѓу кои Ѓорѓи Поп Христов, Павел Христов, значајни револуционери кои најчесто дејствувале во Битолскиот револуционерен округ (но не стигнале на прославата). Со прогласот било наредено да се затворат дуќаните, тој ден да не се работи, населението да земе масовно учество во прославата, да присуствува на местата да ќе се одбележува, раскажува историчарот Богески.

Ова значи дека првпат кога се создале услови, и кога македонското население во рамките на системот кој дозволувал да се учествува, успеало, паралелно, да организира една прослава.

- Со прославата се потврдило дека тој значаен датум, тој значаен ден од локалната, па и национална историја на населението, навистина оставил трајни белези и бразди во неговото паметење со кои населението го канализирало сопственото постоење и сопствениот континуитет на овој простор, заклучува историчарот Зоран Богески.

Поради виорните времиња, требало да помине половина век, поточно 49 години до востановувањето на прославата на празникот. Првите предлози за одбележувањето и прославата на Илинденското востание во Крушево во поновата историја, биле во мај 1967-та, ја продолжува приказната за прославата на Илинден еден од најпознатите крушевчани, новинар, истражувач и директен учесник од историските настани, Кочо Топузоски.

- Во март 1967 година, ентузијасти од собранието, просветни работници, одлучивме да се одбележува Илинден. Зошто дотогаш не било? Не беше ниту државен празник, туку, само се одеше да се положат венци и не му се даваше големо значење. Тогашното собрание на општината Крушево на чело со претседателот, многу активен и чесен човек, Вангел Пандилоски, кој во неговиот кабинет формираше одбор (јас тогаш работев во Општината) за прослава, така тогаш се нарече, реши да се прославува 13-дневна Крушевска Република. Сите се запрашаа: Зошто 13- дневна? Тогаш беше член и Љубен Лапе, па рече: Не 13, туку 10-дневна Крушевска Република. И така се формираше Одборот и почна да се одбележува празникот. Од година во година, сѐ побогатро и со поголемо присуство на значајни луѓе, се сеќава Топузоски.

Првата прослава, објаснува Топузоски, беше точно пред црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево, историски поврзана со Илинденското востание, запалена по задушувањето на востанието, а 1905 година обновена.

- Тогаш, токму пред Црквата, реферат одржа претседателот на општината. Беа присутни неколку значајни луѓе. И, за прв пат го прочитавме крушевскиот манифест кој завршува со „Ура за автономна Македонија!“ Па, се колебавме: „-Ама Македонија си е слободна!“. Но, се помина преку тоа. Така и се изгради и столбот на Крушевската Република, наспроти црквата „Свети Никола“. Прв го качивме, наредната годин,а да ја отвори прославата, преживеаниот илинденец Коста Дабиш. Имаше многу народ, немаше простор да ги собере сите. Затоа се покрена иницијативата да се изгради летна сцена. Понатаму, следуваше одлуката да се отвори споменикот „Илинден“ (1974 година). Јас бев 17 години секретар-волонтер на таа прослава. Потоа, како установа, односно, правно лице се формираа Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ ( годинава се одржуваат по 51-ви пат), се сеќава крушевчанецот Топузоски. За него биле импресивни првите прослави на Илинден. зашто преживеаните илинденци постојано се сеќавале: „Вака беше битката на Мечкин Камен, на Слива“. Тоа беше за историја, возбудено објаснува Топузоски.

Крушевскиот професор во пензија, Петар Начески, свидетел на првите прослави на Илинден 60-ите години, го доловува пиететот со кој се прославуваше Илинден низ децениите.

- Самата прослава секогаш беше величествена. Имаше наредба секоја домаќинка во Крушево да исчисти дел од улицата. И наредба да се постават црвени јамболии. Симболот беше пролеаната крв на борците. Најбитно беше дека на самиот ден - Илинден, на 2 август, пешки се одеше на Мечкин Камен. И Крушевчани и од цела Макеоднија. Со тоа им се оддаваше почит на загинатите Илинденци. На полноќ, помеѓу 1 и 2 август беше импровизираниот напад на Крушево. Сите славеа со пиетет. Масовноста никогаш не била проблем. Доаѓаа и од другите ју- републики, се сеќава Начески.

За Начески, прославата на Илинден се исполитизира.

- Со години не одам на Мечкин Камен. Само од една причина: поради политичарите. Мислам дека не треба да се држи митинг. Доволно е да се положи венец, да се испее химната и да настапат културни друштва. А говорите на политичарите скршнуваат во погрешен правец. Станаа исклучиво партиски. Народот нема потреба да ги слуша политичарите на национален празник кој е со подеднакво значење за сите. Најбитно е народот да се дружи на Мечкин Камен. Да нема делби, туку зближување. за тоа е Илинден, вели крушевчанецот Петар Начески испраќајќи ја пораката на крушевчани и на граѓанитен на Македонија: Илинден е гордост и порака за сплотување на сите што живеат во македонија. Впрочем, Крушевскиот манифест јасно до ден денес ги пренесува заложбите на Илинденците./МИА

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.

притисни ентер