СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
2СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
КошаркаИлиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападотСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, за средбата со Унгарија очекува подобро издание на неговите избраници во однос на мечот со Романија. - Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна игра во транзиција. Да се обидеме сите отворени шутеви да ги затвориме. Сето она кое што е наша особина, и наша карактеристика, колку што можеме да го подобриме нападот. Бидејќи одбраната е желба, а кај нас таа постои. И нормално е дека секогаш постои простор да се поправа. Тоа, заедно со малку поголема самодоверба кај младите играчи да го реализираат тоа во нападот, верувам дека сето тоа ќе изгледа многу поразлично, изјави Илиевски. Потенцира една особено важна работа во овој процес на подмладување на сениорскиот национален состав. -Бројките не ни значат ништо во однос на индивидуални решенија од самите наши поединци. Туку ни значи сето она што се вика колектив. Мислам, поточно убеден сум дека на средбата со Романија се гледаше дека функционираме како тим. Натпреварот Унгарија – Македонија ќе с еигра в сабота од 18 часот во Шолнок. Тагови: Илиевски кошарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРасте бројот на жртвите од ебола во ДР Конго- епидемијата е вон контрола Бројот на смртни случаи од тековната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени во друга провинција, соопштија здравствените власти.Според најновиот извештај од конгоанската влада, епидемијата, која беше прогласена на 15 мај, досега регистрирала 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву, објави Ројтерс. Сепак, вкупниот број на случаи во моментов не ги вклучува двата нови случаи од Кисангани, главниот град на провинцијата Тшопо и еден од најголемите градови во земјата. Еден од случаите е поврзан со здравствената зона Њани во провинцијата Итури, каде што се регистрирани првите случаи на епидемијата. Според властите, вториот случај нема јасна географска врска со претходно погодените области. Позитивните резултати од тестовите од Кисангани сè уште се во фаза на потврдни анализи, по што треба да бидат вклучени во официјалниот број на случаи. Здравствените тимови го засилија надзорот, следењето на контактите и другите мерки за контрола на ширењето на болеста во Кисангани. Според најновиот извештај, во последните 24 часа се регистрирани 51 нов случај на ебола и 20 нови смртни случаи. Светската здравствена организација оваа недела предупреди дека епидемијата сè уште не е под контрола и дека вирусот сè уште се шири, делумно поради движењата на населението што го зголемуваат ризикот од пренесување.Тагови: ДР Конго ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏорџ Клуни се најде на престижната листа на избрани Французи- причината е неговата нова лична картаАктерот Џорџ Клуни, кој заедно со сопругата и децата доби француско државјанство на крајот од 2025 година, е вклучен на листата на 500 најбогати луѓе во Франција оваа година.Актерот Џорџ Клуни, кој заедно со сопругата и децата доби француско државјанство на крајот од 2025 година, е вклучен на листата на 500 најбогати луѓе во Франција оваа година, благодарение на неговата актерска кариера, но пред сè на неговите деловни потфати, пишува денеска „Ле Фигаро“. Холивудската ѕвезда е вклучена во познатата годишна ранг-листа објавена од списанието „Предизвици“ и со тоа се приклучи на оваа престижна група богати луѓе со деловно богатство проценето на околу 250 милиони евра, што го става на 500-та позиција, според парискиот весник. Неговиот статус на листата е помалку резултат на неодамнешното зголемување на богатството на актерот, а повеќе на стекнувањето нова лична карта. На крајот на декември 2025 година, јавноста беше изненадена кога дозна дека Џорџ Клуни, отворен противник на американскиот претседател Доналд Трамп, аплицирал за француско државјанство и го добил за себе и за своето семејство. Клуни глумел во околу педесет филмови како актер, режисер или продуцент, како и во бројни престижни награди, вклучувајќи два Оскари и пет Златни глобуси. Сепак, токму неговиот премин во деловниот свет му обезбеди место на листата на 500 најбогати луѓе во Франција. Во 2013 година, актерот го основа брендот на текила „Casamigos“ со двајца пријатели. Користејќи ја својата популарност, Клуни значително ја зголеми продажбата на компанијата, што ја поттикна британската група „Diageo“ да го преземе бизнисот во 2017 година за 700 милиони долари, со дополнителни бонуси, според неделникот „Challenges“. Охрабрени од овој успех, триото сега се обиде со нов потфат, овој пат на пазарот на безалкохолно пиво со нивниот бренд „Crazy Mountain“, објави весникот.Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРОХристијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал.Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску - околу себе. Нека ги замоли Интерпол веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. Нека им каже дека дрога завршила во Србија, во селото Коњух, кај, како што тврди уапсениот, високо позициониран локален функционер на СНС, кај министерот Гашиќ, потпретседател на СНС, сестринската партија на ВМРО, и нивен голем пријател. Нека побара истрага, како е можно толку голема количина наркотици да влезе во земјата без знаење на институциите кои тој ги контролира. Нека се пријави и себе и целата организирана криминална група ВМРО на Интерпол. Така ќе имаат најмногу работа. Наместо празни изјави за „борба против криминалот“, граѓаните очекуваат одговори за тоа како под неговата власт дрогата слободно циркулира, а криминалните мрежи се заштитени. Додека Мицкоски се фали со меѓународна соработка, реалноста е дека Македонија под негова власт стана безбедна дестинација за криминалци и шверцери. Соработката со Интерпол ќе има смисла само кога прво ќе се соработува со вистината. А вистината е дека најголемиот проблем со организираниот криминал во Македонија моментално седи во владината фотелја, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook