ТехнологијаИкс го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, оцени Европската комиија Според еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, прелиминарниот став на ЕК е дека Икс ги мами корисниците и го прекршува Законот за дигитални услуги. Социјалната мрежа Икс го прекршува Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со користење на т.н. „темни шеми“ и во делот на транспарентноста при рекламирање и пристапот до јавни податоци за истражувачите, соопшти денеска Европската комисија врз основа на нејзините прелиминарни оценки. „Темни шеми“ е термин со кој се означуваат корисничките интерфејси кои се внимателно направени со цел да ги измамат корисниците и да ги наведат на одредени активности. Терминот е дело на дизајнерот Хари Брињул, кој го измисли овој неологизам во јули 2010 година за именување на измамнички кориснички интерфејси. Според извршната потпретседателка на Еврокомисијата за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер платформата Икс не е усогласена со ДСА во клучните области на транспарентност со користење на „темни шеми“ со што ги доведува корисниците во заблуда, со несоодветно означување на рекламите и со блокирање на пристапот до податоците за истражувачите. - Ние сме решени да обезбедиме сите платформи, вклучително и Икс, да се усогласат со законодавството на ЕУ, нагласи Вестагер. Според еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, прелиминарниот став на ЕК е дека Икс ги мами корисниците и го прекршува Законот за дигитални услуги. - X сега има право на одбрана, но ако се потврди нашиот став, ќе изречеме казни и ќе бараме значителни промени, додаде Бретон. Доколку се потврдат нејзините прелиминарни оценки, Европската комисија може да донесе одлука за неусогласеност со која ќе утврди дека Икс ги прекршува членовите 25, 39 и 40 став 12 од ДСА, што би повлекло можност за изрекување парични казни во висина до шест отсто од вкупниот глобален годишен приход на платформата и да и наложи да преземе мерки за отстранување на неправилностите. ЕК процени дека платформата Икс го дизајнирала својот интерфејс на начин што не одговара на прифатената практика, со што ги мами корисниците наведувајќи ги да се претплатат за добивање одреден статус, со што ги ограничува да носат одлуки базирани на проверени информации околу автентичноста на налозите и содржината со која комуницираат. Според Комисијата, постојат докази дека злонамерни актери ја злоупотребуваат ваквата состојба за да ги измамат корисниците. Понатаму, Еврокомисијата оценува и дека Икс не ги почитува правилата за транспарентност при рекламирањето, со тоа што поставува дизајнерски карактеристики и ограничувања. Според ЕК, дизајнот на Икс го оневозможува потребниот надзор и истражување на ризиците од дистрибуцијата на рекламите преку Интернет. Во однос на третата забелешка, Комисијата смета дека Икс не обезбедува пристап до неговите јавни податоци за истражувачите, како што е предвидено со условите наведени во ДСА. Дополнително, според ЕК, се има впечаток дека апликативниот програмски интерфејс на Икс е дизајниран на начин да ги одврати истражувачите од извршување на нивните истражувачки проекти или да ги принуди да плаќаат несоодветно високи такси. За ваквите свои прелиминарните наоди, Комисијата го информирала Икс и платформата сега има можност да го оствари своето право на одбрана и писмено да одговори на овие заклучоци. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животиУкраинскиот претседател Зеленски изрази незадоволство од САД поради доцнењето на испораките на ракети „Патриот“, нагласувајќи дека тоа чини човечки животи.Во интервју за Би-Би-Си тој оцени дека Вашингтон не врши доволен притисок врз Русија за постигнување мир.Зеленски ја критикуваше и изјавата на Доналд Трамп, кој го нарекува Путин свој пријател.Тој нагласи дека рускиот претседател е агресор и дека не може да биде пријател. Според него последните мировни преговори во Абу Даби не донесоа напредок, а нови разговори се очекуваат во декември.Рече дека Украина се соочува со сериозен недостиг од ракети за пресретнување на руските балистички проектили.Зеленски изрази разочарување што САД поголемо внимание посветуваат на Блискиот Исток.Тој предупреди и на проблемите со системите „Стар-Линк“ и „Стар-Шилд“, кои влијаат врз украинските беспилотни летала.Во пресрет на тешката зима, руските напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат прекини на струјата.Зеленски порача дека Украина ќе го брани Киев по секоја цена, бидејќи како што рече без главен град нема држава.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаИзненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од МакедонијаМакедонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85 Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот. Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени. По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта. „Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал. Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот. „Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот. Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки. „Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал. Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter