МакедонијаИК на ВМРО-ДПМНЕ:Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје, Стефковски во Гази Баба, Сотир Лукровски во КарпошОрце Горѓиевски е кадидатот за градоначалник за Град Скопје од владечката ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата на состанок на Извршниот комитет. Освен името на Георгиевски утвредни се и кандидатите со кои партијата ќе истрача во Карпош за каде го предлагаат Сотир Лукровски, во Гази Баба за уште еден мандат ќе трча Бобан Стефковски, а довербата за втор мандат од извршиот комитет ја добиле и актуелните градоначалници во Лозово - Бошко Цветковски, за Пехчево – Александар Китански, за Ресен – Јован Тозиевски и во Зрновци – Борче Коцев. При изборот на кандидатите како што рече апртискиот лидер Мицкоски се воделе од нивната чесност, вредност и некмпромитираност. За кандидатот за Град Скопје Ѓорѓиевски рече дека се воделе од анкетите но и од неговата равотливост и додегашните резултати. Мицкоски е уверен дека Ѓорѓиевски ќе донесе нова енергија која му е потреба на Скопје. Одлуката за Орце се темели на неколку клучни факти. -Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и пет пати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ.Второ, одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода, со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она кое што јас можам да го кажам за Орце, за оној период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за градот Скопје и за скопјани.Тој е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква му е потребна на Скопје – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргиевски вети дека ќе донесе достоинствен живот во главниот град преку максимална посветеност на граѓаните и макотрпна работа на терен. Најави дека уште од утре ќе запчне со средби до граѓаните и дека во фокус на камапњата ќе бидат сообраќајниот хаос и хигиената во градот. -Денеска сум исправен пред еден од најголемите предизвици во мојот живот, а тоа е да бидам да поддржан од мојата политичка партија. Партија во која што сум од дете, за кандидат за градоначалник, на градот Скопје.Сакам да се заблагодарам најнапред на претседателот, Христијан Мицкоски, за цела поддршка, не само во овој процес за избор за кандидат за градоначалник, туку изминативе 4 години како градоначалник на Кисела Вода, јас често пати тоа го говорев дека најмногу се потпирам и најмногу помош имам токму од претседателот, Христијан Мицкоски. Верувам дека така и во перспектива, помошта ќе биде насочена кон градот Скопје.Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје. Апсолутно сум свесен за девастираноста на градов, за сивилото во кое што владее и во кое што живееме сите скопјани. Но, исто така сум спремен по завршување на овие избори, повторно да го воскреснам Скопје, односно да конечно Скопје стане град за достоинствен живот, за сите наши сограѓани. – Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода. ВМРО-ДПМНЕ е во конструктуиви разговори и со валдините коалиционери ЗНАМ и ВРЕДИ. Мицкоски најави меѓусебна поддршка во одредени општини со партијата на Максим Димитреивски, но на изборите наесен ќе настапат со посебни советнички листи. Со вреди пак во тек се разгворите околу можен заеднички настап во дел од оштините на локалните. Заокружување на кадидатите на локалните избори, владеачката ВМРО-ДПМНЕ најави кон средината на август. Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожариОтсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаПроект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температуриГрижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација. -Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрогаД.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook