ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе носи одлука за референдумот – ќе собираат 150.000 потписи

ВМРО-ДПМНЕ ги заврши консултациите околу најавениот рефереднум против францускиот предлог за почеток на преговорите за члнество во ЕУ..

Одлуката ќе ја носат доцна попладнево на седница на Извршниот комитет, која треба да започне во овие моменти...

Пред седиштето на партијата е Андријана Лазова.. Андријана, веќе се најавува и референдумското прашање... Интересно е што со него нема да се бара изјаснување за францускиот предлог, туку за договорот со Бугарија?

Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија

Судот во пакистанскиот град Равалпинди денеска осуди четири лица на смртна казна поради богохулење откако наводно на социјалните мрежи објавиле навредливи содржини за исламските верски личности и куранот.

Нивниот адвокат најави жалба на пресудата.

Согласно пакистанските закони, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на исламот или неговите религиозни личности може да биде осуден на смрт.

Судијата Тарик Ајуб изјави дека бласфемија непочитувањето на светите ликови и сквернавењето на Куранот се непростливи злосторства и не оставаат простор за милост.

Покрај смртните казни, судот на обвинетите им изрече парични казни во вкупна вредност од околу 16.500 американски долари, како и затворски казни во случај повисокиот суд да ја укине смртната казна.

Законот против богохулење, воведен во Пакистан во 80-тите години од минатиот век. Оттогаш, многу луѓе се обвинети за навреда на религијата, сквернавење на нејзините свети текстови или пишување навредливи пораки на ѕидовите на џамиите.

Критичарите на законот сметаат дека тој често се злоупотребува за решавање на лични конфликти.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

притисни ентер