Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари, 19-годишно лице од Кичево со заразни заушкиНајголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид.Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид. Низ јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9 проценти. На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции - без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија. Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА. - Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Северна Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на КОВИД-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на КОВИД-19 и 9.976 смртни случаи. Во текот на месец јануари, до Институтот за јавно здравје е пристигната една пријава за епидемија на алиментарна интоксикација од ЦЈЗ Куманово. Епидемијата е пријавена на 02.01.2024, како семејна епидемија во која од експонираните 14 лица заболеле пет, на возраст од 5 до 59 години, од кои три лица биле хоспитализирани. Направено е епидемиолошко истражување и едукација на населението за придржување кон принципите за подготовка и консумација на безбедна храна. Епидемијата е одјавена на 10.01.2024, велат од ИЈЗ. - Во текот на месец јануари пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување - не сметајќи ги КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со дг: пневмококен менингитис. Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 38 години од Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) од 2 до 21 јануари годинава, кога настапил смртниот исход, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook