ИЈЗ: Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници - Канал 5

ИЈЗ: Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници

Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници и за тие кои се обидуваат да забременат.

ИЈЗ: Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници

Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни(тешки) компликации при КОВИД-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе, се вели во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против КОВИД-19, а се потребни две дози (т.е.„Фајзер" или вакцина „Модерна"), треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита. Пред вакцинација против КОВИД-19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.

Потребно е да се знае дека бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од КОВИД-19 (со последици) во споредба со останатите жени кои не се бремени, вакцинацијата може да заштити од тешки заболувања кои може да ги предизвика КОВИД-19 и се препорачува на жени кои планираат да забременат во иднина, се бремени или пак се доилки, бремените жени можат да примат бустер доза, доказите за безбедност и ефективност на вакцината против КОВИД-19 за време на бременоста растат, во моментов нема докази дека која било вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против КОВИД-19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите.

Раните податоци за безбедноста на примањето на вакцина против mRNA („Модерна" или „Фајзер") за време на бременоста се смирувачки. Податоците од системите за следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле вакцина против mRNA КОВИД -19 доцна во бременоста или за нивните бебиња. Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против mRNA КОВИД-19 непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20-та недела од бременоста).

Центарот за контрола на болести (CDC) постојано ги следи и ќе продолжи да ги следи жените вакцинирани во текот на сите триместри од бременоста за подобро да се разберат ефектите врз бременоста и бебињата.

Вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Потребни се повеќе податоци да се утврди како овие антитела, слични на оние произведени и од други вакцини можат да обезбедат заштита на бебето.

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за КОВИД-19, особено по втората доза на вакцина. Жените кои се бремени не пријавиле различни несакани ефекти од жените кои не се бремени и останатите вакцинирани луѓе по вакцинацијата со mRNA КОВИД -19 („Модерна" или „Фајзер").

Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина.

Вообичаени ефекти се болка, црвенило, оток, замор, главоболка, мускулна болка, треска и гадење. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со КОВИД-19 се ретки, речиси и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против КОВИД-19 не треба да добие друга доза од која било од вакцините mRNA КОВИД -19 („Модерна" или „Фајзер").

Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат КОВИД -19 акутни инфекции, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Производителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. 

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел.

Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности.

Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија.

Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал.

Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia.

Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата.

Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек.

Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster.

Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди.

Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра!

Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген.

Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска.

На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.

Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина.

За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврди цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност. Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби.

Во рамки на работниот дел од конференцијата беше спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет.

Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици.

Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, господинот Фадил Зендели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лицето на Кристина Агилера главна тема на интернет,изгледа „мазно“ и младолико

Лицето на светската музичка ѕвезда, русокосата пејачка Кристина Агилера е главна тема на социјалните мрежи.

Лицето на Кристина Агилера главна тема на интернет,изгледа „мазно“ и младолико

Атрактивната Кристина блесна на гала-вечер во Монако во креација на „Версаче“, а вниманието го привлече еден детал во нејзината шминка што ѝ го освежи изгледот.

Познатата пејачка блескаше на гала настан во Монако, појавувајќи се во елегантна креација на Версаче која го привлече вниманието на присутните.

Гала вечерата на Фондацијата на принцот Алберт II од Монако собра бројни познати личности од светот на уметноста и јавниот живот, вклучувајќи ја и американската пејачка.

За таа пригода, Агилера избра софистицирана вечерна тоалета која го прегрнуваше нејзиното тело и ја нагласуваше нејзината фигура.

Дизајнот ја спојуваше класичната елеганција со модерниот гламур, а длабокиот шлиц и длабокото деколте особено се истакнуваа.

Карактеристичен детаљ на деколтето дополнително го надополни монохроматскиот изглед, давајќи му на фустанот впечатлив изглед.

Пејачката го надополни својот изглед со волуменозна фризура со крупни локни, додека шминката се потпираше на неутрални тонови во комбинација со нејзиниот препознатлив црн ајлајнер.

Посебно внимание привлече и начинот на нанесување на руменилото; нагласените образи создадоа ефект на „нежен гламур“ (soft glam), истовремено давајќи ѝ видливо посвеж и помладешки изглед.

Овој специфичен детал од шминката привлече многу погледи, а изгледот на Агилера во Монако уште еднаш покажа како еден едноставен потег во разубавувањето може значително да го трансформира целокупниот изглед, пренесува Superzena.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер