Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаИЈЗ со препораки до граѓаните на Скопје, кои се дават во отпад: Да се дезинфицираат обувките и да се носат маски и ракавици Граѓаните да бидат екстремно внимателни со фрлање на отпад кај натрупаниот отпад покрај контејнерите, по враќањето на домовите да ги дезинфицираат обувките.Граѓаните да бидат екстремно внимателни со фрлање на отпад кај натрупаниот отпад покрај контејнерите, по враќањето на домовите да ги дезинфицираат обувките, истите препораки важат и за училиштата каде треба да има простор за дезинфекција на обувките, се преопораките од Институтот за јавно здравје. Исто така посебно внимателни треба да бидат оние кои работат со отстранување на отпадот да носат ракавици и маска КН 95. Институциите да најдат решение и веднаш да ги исчистат контејнерите, општините спроведат прскање против глодари, инсекти кои се најголеми пренесувачи на болести. „Во фокусот ни се децата, постарите лица, хронично болните и бремени жени кои се највулнерабилни кои се најчувствителни на овој хазард. Имавме случај со каснување на дете од глодар, и оттаму е апелот до институциите да си ја работат работата и да спречат поставување контејнери до училишта или здравствени институции, кои треба да имаат посебни услови за работа и опстојување. Училиштата треба да постават дезинфекциски бариери пред праговите на училиштата, а децата редовно да ги мијат рацете. Директорите да постават и слики адаптирани на возраста како правилно се мијат раце. Ако некој дојде во контакт со исцедокот од контејнерите, без оглед на возраста, да измие раце. Мерките се и индивидуални и колективни. Треба висока свест, но и менаџирање со отпадот. И потребно е конечно да се воведе селекција во нашите домови, органскиот и нерганскиот отпад не треба да одат во иста ќеса“, д-р Мирјана Димовска, Институт за јавно здравје Стабилна е состојбата на десет годишното дете кое беше каснато од стаорец, апел до граѓаните доколку имаат каснување или конзумирање на прозводи каде имало глодари да се јават на лекар. „Заразни заболувања, вектор-преносливи болести кои може да се пренесат преку муви и комарци и болести што ги пренесуваат глодарите. Овде се и салмонелози гастроентероколити. Засега немаме пораст на вакви случаи. Глодарите може да пренесат туларемија, хеморагична треска, лептоспироза – овие болести веќе сме ги регистрирале и може да се зголемат во овој период. Сè додека има услови за размножување на глодарите, ќе се зголемува нивната популацијата, а тоа е ризик за ширење на болести“, рече д-р Драган Кочински од ИЈЗ. Директорката на Институтот, Марија Андоновска посочи дека ги имаат сите реагенси за испитување на болести. Надлежните во ИЈЗ информираа дека во моментов епидемиолошката состојба е стабилна. Рекоа дека секоја заразна болест има инкубациски период, кој трае во некои случаи и по две недели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16