ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица - Канал 5

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Во Македонија од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела.

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 11-та недела од минатата сезона е намален за 23,6 отсто, а во споредба со бројот за 11-та недела од типичната епидемиска крива намален е за 71,9 отсто.

-Во текот на 11-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 22 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се три позитивни случаи на Influenza B/Victoria и еден на Influenza А – несубтипизиран. Не се регистрирани позитивни случаи со SARS-CoV-2. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, во рамките на вон-сезонска активност, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 175 лица се на возраст од 15-64 години, 35 кај деца на возраст од 5-14 години, 25 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години и 18 кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (18,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, со најголем број на пријавени случаи во Гостивар – 49, Струмица - 32, Кавадарци – 27, Скопје – 22, Куманово и Битола – по 21 , а во останатите бројот на пријавени е под 20.

Од почетокот на сезоната 2023/2024, заклучно со 11-та недела 2024, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 910 материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус и SARS-CoV-2.

Детектирани се 145 позитивни случаи на грип: 118 Influenza А(H1)pdm09, 12 Influenza А(H3), 10 Influenza А – несубтипизиран, 4 Influenza B/Victoria и 1 Influenza B – неодредена линија. Регистрирани се 20 позитивни случаи на SARS-CoV-2. Од случаите со Influenza и КОВИД-19, кај три случаи од рутинскиот надзор е докажана истовремена инфекција. Дополнително, регистрирани се 29 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV).

Во епидемиолошкиот коментар на ИЈЗ се наведува дека се забележува значително намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамките на вонсезонска активност.

-Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Р.С. Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, стои во соопштението.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип, седум од Скопје, две од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и Демир Хисар

ИЈЗ повторно укажува дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

- Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): Постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, и здравствени работници. Заклучно со 11-та недела/2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.807 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, наведуваат од ИЈЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. 

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.

На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци.

Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии.

„Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот.

Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики.

ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи

Гаши оствари средба со комесарката за проширување,  г-ѓа Марта Кос.

Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска.

На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Претседателот Гаши изрази благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион.

Во текот на средбата беше потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Исто така, беше нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција.

Соговорниците ја оценија посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Панче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. 

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта.

Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската граница. До ден денес нема одговорност ниту за тоа кој дозволил, ниту кој ќе одговара?

Зборува за владеење на правото кога никој од власта не одговара.

Бодигарди на Мицкоски, лица блиски до ВМРО и партиски функционери остануваат недопирливи за законот.

Зборува за безбедност кога граѓаните сведочеа на убиства, вооружени пресметки, фрлени бомби, запалени автомобили, растечко семејно и врсничко насилство, а МВР не ги заштити жртвите.

Тошковски зборува за борба против корупцијата а неговиот шеф Мицкоски со неговата криминална организација ВМРО, вртат милионски тендери.

161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, 74 тендери за Ленди груп фрима, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Полицијата е претворена во партиски инструмент додека јавно се признава дека има систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор.

Тошковски велеше „Брат да ми е, ќе одговара“- по две години, никој за ниту еден криминал не одговара - затоа што криминалците се во власта.

Тошковски може какви сака статистики да презентира. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер