ЗдравјеИЈЗ: Регистрирани 202 заболени од грипВо текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип. Бројот на пријавени лица изминатата недела е поголем за 47,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона. Изминатата недела заклучно со 15 април во државава се регистрирани 202 заболени од грип, што е за 28,6 отсто намалување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 283 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница го обајви Институтот за јавно здравје. Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип. Бројот на пријавени лица изминатата недела е поголем за 47,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои два (11,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип A (H3). Изминатата недела најголем број заболени лица (141) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 13,8 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 18 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (39), а највисока инциденца од 38,4 на 100.000 е регистрирана на територијата на Подрачната единица Неготино. Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 21.142, а регистрирани се 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од пет до 86 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСилвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“Легендарниот актер, филмската ѕвезда 80- годишниот Силвестер Сталоне се пошегува дека не може да замине во пензија бидејќи мора да ја плати свадбата на својата ќерка Софија, која наскоро се мажи за Мајкл Шихан. За време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“, водителката Кели Рипа го праша актерот колку планира да потроши за свадбата на својата 30-годишна ќерка. „Ох, човеку, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, рече Сталоне, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Не можам да се пензионирам. Сериозен сум. Морам да ја платам свадбата“, додаде актерот. На 28 август, Софија објави дека се свршила со Мајкл Шихан и сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со пораката: – Засекогаш со најдобриот пријател. Сталоне во емисијата го опиша својот иден зет како „одличен дечко“, а исто така откри и дека Шихан побарал негов благослов пред запросувањето. – Ја побара нејзината рака – рече актерот, на што Кели Рипа (56) се пошегува: – Сигурно бил преплашен. Сталоне потоа го пофали Шихан дека бил „многу самоуверен“ пред запросувањето. „Му реков: ’Леле, со среќа, пријателе‘“, се пошегува актерот, додавајќи дека неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја преземе улогата на „судија“. За контекст, Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки. Актерот имаше и два сина од првиот брак со Саша Зак; сепак, Сејџ Сталоне почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРусија купува танкери за течен природен гас (LNG) способни да пловат по мориња покриени со мразВодечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња.Водечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња без помош на мразокршачи, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за регистрација и испорака. Комерцијалниот оператор на танкерите „Северен Океан“ и „Северна Месечина“ е „Новатек Гас&Пауер Азија Пте“, според базата на податоци за поморски сообраќај „Еквасис“ и податоците на LSEG. Нема мразокршачи Бродовите се изградени во Јужна Кореја во 2024 и 2025 година, а пред промената на сопственоста ги управуваше јапонската бродска компанија „Мицуи О.С.К. Лајнс“ (MOL). Претставник на „Мицуи О.С.К. Линеса“ одби да коментира за информациите за „Ројтерс“. „Новатек“ не одговори на барањето на „Ројтерс“. Според податоците на LSEG, танкерите ја напуштија Јужна Кореја за Арктикот и сега се движат по Северниот морски пат. Стекнувањето на овие бродови е значаен чекор за „Новатек“, бидејќи ограничувањата на неговата флота досега го попречуваа развојот на проекти за производство на течен природен гас (LNG), особено „Арктика LNG 2“. Медиумите објавија дека „Новатек“ стекнал четири танкери за LNG од класата Arc4, споменувајќи, покрај „Норт Мун“ и „Норт Оушн“, „Норт Лајт“ и „Норт Вали“. Транспорт на LNG Во мај минатата година, ЕУ воведе санкции врз „Норт Мун“, „Норт Лајт“ и „Норт Оушн“ со цел последователно да ги отстрани од црната листа, бидејќи добија гаранции дека бродовите нема да учествуваат во испораките на LNG од проектите „Џамал LNG“ и „Арктик LNG“. Сите четири танкери го сменија сопственикот и операторите во септември и сега пловат под панамското знаме и под други имиња, според „Ројтерс“. Самиот „Новатек“ се наоѓа на списокот со санкции што западните земји ѝ ги наметнаа на Москва, со наведена цел да се намалат руските буџетски приходи што се користат за финансирање на војната во Украина. Во периодот од јануари до септември, руската компанија произвела 64,8 милијарди кубни метри гас – што претставува зголемување од 3,4 отсто во споредба со истиот период минатата година – објави во средата руската новинска агенција ТАСС. Ако се вклучи и течниот природен гас (ТПГ), продажбата во тој период опаднала за 1,1 отсто, на 55,2 милијарди кубни метри. Заклучно со крајот на септември, „Новатек“ располагал со залихи од 1,5 милијарди кубни метри гас – вклучувајќи го и ТПГ – пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоци од компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook