ЗдравјеИЈЗ: Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три денаВо текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека на 5 февруари 25-годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ поради компликации од грип. На 6 февруари, пак, петгодишно девојче од Скопје почина на Клиниката за детски болести од компликации предизвикани од грип. Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4 отсто споредено со петтата недела од минатата сезона кога беа регистрирани 2.001 случаи. Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран. Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години. Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители). Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто. Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
СветМечка уби маж во САДЕден маж беше убиен во напад на мечка завчера во Кристал, Ново Мексико.Полицискиот оддел на народот Навахо потврди дека нивните службеници од округот Виндоу Рок добиле пријава за нападот околу 13 часот, пишува „The Guardian“. Службениците ја застрелале мечката, која избегала во блиската шума. Полицијата подоцна известила дека го пронашле и убиле животното. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ова тешко време“, објави полицијата на народот Навахо на Фејсбук. Полицијата во резерватот додаде дека истражителите и службениците за заштита на дивите животни, исто така, излегле на терен. Идентитетот на жртвата и видот на мечката не се објавени. Полицијата апелираше до граѓаните да се држат настрана од потенцијално опасни диви животни. „Ако забележите мечка, ве молиме јавете се во најблиската полициска станица“, рекоа тие. Според официјалните податоци, ова е првиот фатален напад на мечка во Ново Мексико од 2001 година. Како што објави Асошиејтед Прес, нападот од 2001 година беше првиот таков напад во државата за сто години. Потоа почина Аделија Трухиљо, убиена во нејзината куќа од машка мечка тешка околу 115 килограми. Еден од неодамнешните напади се случил во 2020 година во Лос Аламос, исто така во Ново Мексико. Мечката им се приближила на 37-годишната жена и нејзиниот сопруг додека седеле на терасата од планинската куќа. Таа им се приближила на помалку од половина метар, потоа почнала да ја брка жената и ја нападнала на паркингот. Нападите од мечки се ретки Според извештајот на властите во тоа време, таа претрпела „повеќекратни фрактури, колабирани бели дробови и повреди од каснувања и гребнатини“. KRQE објави дека жената го преживеала нападот, а властите подоцна ја еутанизирале мечката. Фаталните напади од мечки во Северна Америка се многу ретки и се евидентираат само неколку случаи секоја година. Податоците од Северноамериканскиот центар за мечки покажуваат дека едно лице има 60.000 пати поголема веројатност да биде убиено од друг човек отколку од црна мечка. Според статистиката на Националната служба за паркови, ризикот од повреда од мечка е еден на 2,1 милиони. Извор: Индекс.хрТагови: мечка САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска трескаОпштина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА: Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци. АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ! Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија25 години ЕБР – „секогаш и секаде“ЕБР одбележа 25 години постоење.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата. Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата. Тагови: ЕБР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook