3Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
ЗдравјеИЈЗ од 22 до 28 фев.: Во однос на претходната недела, за 56% зголемен бројот на нови случаиНајголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021, тестирани се вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 27,2% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000) Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%). По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела. Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозонатаПодатоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти. Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај КарпалакДелегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКараванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата. Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени. Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.Тагови: Силно светнал ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook