ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи - Канал 5

ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи

Хантавирусот не е како короната, бидејќи ваквата зараза која најчесто се шири од глодари е позната и не е нова.

ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи

Хантавирусот не е како короната, бидејќи ваквата зараза која најчесто се шири од глодари е позната и не е нова, а на крузерот кој пловел кај јужниот Атлантик кој го растревожи светот поради смртните случаи, нема македонски граѓани, ниту помеѓу патниците, ниту помеѓу екипажот, смируваат од Институтот за јавно здравје.

Може да станува збор за нов сој на оној што е присутен во Америка кој се пренесува и помеѓу луѓе, но нема простор за паника, вели Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

Од Институтот посочуваат дека имаат реагенси со кои може да се докаже овој вирус и постојат протоколи кои би се примениле ако вирусот дојде кај нас. Се препорачува поголема хигиена особено со конзервирана храна која се чува во магацини.

Од Светската здравствена организација порачаа дека иако периодот кој заразениот може ја шири заразата е долг и моќе да биде и до шест недели нема ризик од нова пандемија. Иако го класифицира како сериозен инцидент, ризикот за општата популација го оценуваат како „низок“.

Стравот од можна нова епидемија се рашири низ светот откако тројца патници починаа на крузерот кој тргна на крстарење од Аргентина пред околку еден месец, а здравствените власти потврдија случаи на хантавирус кај дел од патниците. Станува збор за редок, но опасен и потенцијално смртоносен вирус. Европскиот сој, кој бил регистриран и кај нас, најчесто ги напаѓа бубрезите, додека американскиот сој, предизвикува тешки респираторни компликации. Кај одредени варијанти од Јужна Америка е забележан и ограничен пренос меѓу луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт.

Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“.

Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската.

Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци.

Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот.

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања.

Фото: ВИ

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

Еден жител на Осиек освои џекпот од 209.552,19 евра во дополнителната игра „Џокер“ на Хрватската лотарија.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

За големата добивка дознал сосема случајно – додека на вестите слушал дека премијата била извлечена токму во неговиот град.

Штом ја слушнал информацијата на телевизија, отишол на интернет-страницата на лотаријата за да го провери својот тикет. Набргу сфатил дека веста за новиот милионер всушност се однесува токму на него.

Moжеби ќе ве интересира: Добил милион на лото, но не се јавил за да ја земе наградата- ливчето може да го фрли во ѓубре

Не можев да поверувам дека јас сум човекот од вестите – признал среќниот добитник.

Радосната вест не ја чувал долго само за себе – веднаш ја споделил со семејството, па откривањето на големата добивка набргу се претворило во заедничко славење.

Овој жител на Осиек е редовен играч кој уплаќа речиси сите Лото игри – Лото 7, Лото 6, Еуроџекпот и „Сè или ништо“. Продажните места ги посетува два до три пати неделно, а при изборот на комбинации секогаш се придржува до истото правило – комбинира важни лични датуми со неколку случајно избрани броеви.

Иако ги уплаќа главните игри, најголемата добивка во животот му ја донела дополнителната игра „Џокер“, која редовно ја избира на тикетите.

Добитниот тикет бил уплатен на 22 јули, кога покрај Лото 7 ја уплатил и комбинацијата „Џокер“, која му донела повеќе од 200 илјади евра.

Иако станува збор за неговата најголема добивка досега, жителот на Осиек не планира да го менува начинот на живот ниту секојдневните навики. Ќе продолжи да игра како и досега, а на останатите играчи им порачува само едно: бидете упорни.

Извор: Večernji.hr

Слика: ChatGPT

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар.

СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт.

Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем.

Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши.

Почитувани граѓани,

Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер