ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања - Канал 5

ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања

 Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата.

ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања

Во таа насока се координирани сите потенцијали за спречување на ширење на корона вирусот. Во референтините лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на Ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат во Владата на РСМ, изјави на денешната прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.

Тој порача дека имаат реагенси и дека ќе има и во иднина, истакнувајќи дека нема потреба од загриженост кај граѓаните во однос на тоа.

– Епидемиолошките служби направија едукативни предавања во сите Центри за јавно здравје и во болниците низ државата за се што е потребно да знаат здравствените работници. Исто така, беа изготвени упатства за постапка како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона вирусот. Епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии што се објавени и достапни до сите граѓани, нагласи Мемети.

Тој наведе дека на интернет страницата iph.mk на ИЈЗ ги има сите потребни информации за граѓаните за тоа како треба да се превенираат од Ковид-19, како и податоци за бројката на заразени во РСМ, регионот и светот.

– Едукативниот материјал со информациите од интернет страницата се дистрибуирани до Клиничкиот центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје. ИЈЗ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министертвото за здравство активно соработуваа во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите за давање насоки поврзани со дистрибуција на готови хартии од вредност (фактури, платени сметки…). Изготвен е документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра до оние кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор. Изготвен е документ за постапки во производство, погони и фабрики. Документ каде работат наши лица за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓу вработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентулани позитивни случаеви, изјави директорот на ИЈЗ

Тој информираше дека се изготвува дата база, односно софтверсто решение со посебна датотека на сите позитивни случаи во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кои ќе се направи увид во моменталната состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар.

„Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи.

Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“.

Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови.

Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH.

Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата.

NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза.

Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер