Муцунски – Мацинка: Цврсто македонско-чешко партнерство, силна поддршка за европската интеграција и нови можности за економска соработка
2Муцунски – Мацинка: Цврсто македонско-чешко партнерство, силна поддршка за европската интеграција и нови можности за економска соработка
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ЗдравјеИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипанициЗаклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Во периодот од 19 октомври до 6 декември година, односно по пријавување на последниот лабораториски потврден случај на мали сипаници, пријавени се два сомнителни случаи на мали сипаници, кои по направеното епидемиолошко и лабораториско истражување се отфрлени, информираат од Институтот за јавно здравје. Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Вкупниот број случаи пријавени од декември 2018 заклучно со 6 декември, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од кои највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1 на 100.000 (112 случаи), Куманово 162,6 на 100.000 (232) и Скопје 161,6 на 100.000 (998). Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 977 лица од машки пол и 924 лица од женски пол или сооднос машки –женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 94,3 на 100.000 жители, додека кај женските изнесува 89,5 на 100.000 жители Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,8 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година (327случаи, 17,2 отсто),а кај децата на возраст од една до четири години се регистрира инциденца од 307 на 100.000 жители (285 случаи, 15 отсто) Според вакциналниот статус,1.530 или 80,5 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од нив, 327 (21,4 отсто) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација. Од пријавените случаи, 852 или 44,8 отсто биле хоспитализирани, а кај 302 (15,9 отсто) се регистрирани компликации. Докажан е генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави. Вкупниот број вакцинирани лица со МРП вакцина на возраст до 14 години, од почетокот на епидемијата до крајот на анализираниот период во државава изнесува 44.497./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаГрадот Скопје: Авионска дезинсекција против комарци на 20.08.2026 и 21.08.2026Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден.Градот Скопје ги известува граѓаните дека: - Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. - Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: Градот Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаМуцунски – Мацинка: Цврсто македонско-чешко партнерство, силна поддршка за европската интеграција и нови можности за економска соработкаВо фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. Соговорниците заеднички оценија дека македонско-чешките односи се одликуваат со високо ниво на политички дијалог, искрено пријателство, меѓусебна доверба и партнерство, при што беше изразен заемен интерес за нивно натамошно продлабочување. Значаен дел од разговорите беше посветен на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и можностите за нови чешки инвестиции. Беше истакната подготвеноста за интензивирање на контактите меѓу надлежните институции и бизнис-заедниците на двете земји, особено во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технолошките инвестиции. „На економски план постои значителен простор за повеќе. Чешката Република веќе се вбројува меѓу нашите 15 најзначајни трговски партнери, но нашата амбиција е оваа соработка да ја подигнеме на повисоко ниво. Гледаме конкретни можности во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технолошките инвестиции“, истакна министерот Муцунски по средбата. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални, европски и глобални безбедносни прашања. Како сојузници во НАТО, беше нагласена потребата од натамошно зајакнување на соработката и координацијата, како и заедничката одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и во регионот, особено во услови на длабоки геополитички промени и зголемени безбедносни предизвици. Посебно внимание беше посветено на европската перспектива на земјата и на процесот на пристапување кон Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за европската перспектива на Западниот Балкан и за полноправното членство на земјата во Европската Унија. Во разговорите беше потврдено дека Чешката Република останува јасен поддржувач на политиката на проширување, препознавајќи го нејзиното стратешко и геополитичко значење за стабилноста, безбедноста и просперитетот на европскиот континент. Соговорниците разговараа и за реформските процеси, европската агенда и прашањата од значење за натамошниот напредок кон полноправно членство. „За нас, европската интеграција останува стратешка определба. Подготвени сме да ја завршиме нашата работа, да ги спроведуваме реформите и да ги исполнуваме европските стандарди. Но процесот мора да биде кредибилен и предвидлив, а напредокот да се вреднува врз основа на резултати, заслуги и однапред утврдени европски критериуми. Тоа не е барање за привилегиран третман. Тоа е барање за фер и европски процес“, нагласи Муцунски. Изразувајќи задоволство од посетата и благодарност за гостопримството, министерот Мацинка нагласи дека посетата, покрај политичката и билатералната, има и значајна бизнис-димензија. Во официјалната делегација се вклучени и претставници на повеќе чешки компании, кои во рамките на дводневната посета ќе остварат директни контакти со македонската бизнис-заедница, со цел искористување на потенцијалот за B2B-соработка и натамошно унапредување на економските и трговските односи меѓу двете земји. На средбата беше реафирмирана заемната определба за натамошно унапредување на македонско-чешкото партнерство и за преточување на одличните политички односи во конкретна и продлабочена соработка во областите од заемен интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУЈП на работна средба со туристичкиот сектор во Охрид„Фер туризам започнува со пријавен доход“Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денес 19.08.2026 година Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на соработката и навремено информирање на туристичкиот сектор за даночните обврски. Средбата беше посветена на запознавање на туристичките работници со нивните права и обврски, со посебен акцент на пријавувањето на доходот од издавање недвижен имот, ангажирањето сезонски и повремени работници, како и пријавувањето на доходот од дејности од времен карактер. Во текот на средбата беше презентирана кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“, преку која се укажува дека сите граѓани кои остваруваат доход од издавање сместувачки капацитети имаат обврска истиот навремено да го пријават и да го платат утврдениот данок на личен доход. Беше појаснето дека обврската се однесува на сите кои издаваат апартмани, станови, куќи, вили, соби и други сместувачки капацитети, независно од тоа дали имотот се издава на подолг период или само неколку дена во месецот. Обврската постои и кога плаќањето се врши од домашен или странски гостин, во готовина или преку трансакциска сметка, преку Airbnb, Booking.com, Facebook, Kayak, Tripadvisor и други платформи. На присутните им беше објаснет и начинот на пријавување на доходот остварен од закуп и подзакуп преку системот на е-Даночни услуги, како и начинот на пресметување на данокот на личен доход. Притоа беше посочено дека данокот се пресметува на бруто остварениот доход, намален за признатите трошоци, зависно од тоа дали просторот се издава неопремен или опремен со мебел. Посебен дел од средбата беше посветен на ангажирањето лица во туристичката сезона, како што се: готвачи/ки, бармени/ки, собари/ки, рецепционери/ки, лица за чистење, одржување и други работни задачи. На работодавачите им беше укажано дека доколку ангажираат физички лица за сезонска или повремена работа, до најмногу 180 дена во текот на една календарска година, работниот ангажман треба да биде формализиран и пријавен согласно Законот за работно ангажирање на лица. Со цел плаќање на данокот на личен доход и придонесите од задолжително социјално осигурување, работодавачите треба да обезбедат е-ПДД пресметка за данокот и МПИН пресметка за придонесите од Управата за јавни приходи преку нивните профили на системот е-даночни услуги. На средбата беа опфатени и дејностите од времен карактер, кои се особено присутни во летната туристичка сезона. Станува збор, меѓу другото, за изнајмување кајчиња, педалинки, СУП даски, кануа, кајаци и друга опрема за рекреација на вода, но и за продажба на ракотворби, сувенири, накит и уметнички предмети. Присутните беа информирани дека физичките лица кои вршат дејност од времен карактер имаат обврска да го пријават остварениот доход и да го платат данокот на личен доход. За таа цел, пред започнување со дејноста се поднесува Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход – Образец ДЛД-П, до надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи. Средбата беше и можност туристичките работници директно да постават прашања и да добијат појаснувања за конкретни ситуации со кои се соочуваат во секојдневното работење. Преку отворен разговор беа разменети мислења и искуства, со цел обврските да бидат што појасни и полесни за исполнување. Од Управата за јавни приходи беше нагласено дека целта на ваквите активности е, пред сè, навремено информирање и поддршка на граѓаните за правилно исполнување на нивните законски обврски и даночно усогласено работење. Пријавувањето на приходите и плаќањето на данокот создаваат еднакви услови за сите туристички работници и придонесуваат кон намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција. Редовното исполнување на даночните обврски е важно и за самата туристичка дестинација, бидејќи преку платените даноци се обезбедуваат средства за подобри јавни услуги, инфраструктура и развој на локалната заедница. Заедничката активност на Управата за јавни приходи и Општина Охрид претставува придонес кон создавање поуреден, одговорен и конкурентен туристички сектор, во кој правилното исполнување на законските обврски е предуслов за фер услови за работа и одржлив развој на туризмот. Пораката од средбата е јасна: фер и успешен туризам се гради со информирани туристички работници, почитување на законските обврски и еднакви правила за сите. Фер туризам започнува со пријавен доход. УЈПТагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook