1ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
2„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
ЗдравјеИЈЗ: Дебелината кај возрасните и децата во Македонија стабилно на високо нивоДебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина - 4 март.-Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите - од пет до 19 години. Во Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ИЈЗ. Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион. - Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата, преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот на ИЈЗ. Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски - богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата. - Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина. Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратеници.Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи, од владејачката партија ВРЕДИ, но и заменик-генералниот секретар во владата, Хасим Муртезани. Пратениците биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца имаат дипломатски пасоши ,велат според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување. ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди изрази поддршка за пратениците на ВРЕДИ ,, Ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. Дополнително, напиша оти ваквите постапки се неприфатливи, спротивни на уставот на државата ниедна институција на албанската држава нема право да се однесува кон легитимните претставници на Албанците од Македонија на понижувачки начин. Барам полицијата веднаш да даде јавно и транспарентно објаснување за овој настан. Албанија секогаш мора да биде држава која ги поздравува, почитува и заштитува албанците, а не држава каде што тие се чувствуваат навредено или попречено. Ова не е само правно прашање, туку и национална и морална обврска“,напиша Барди.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°CВремето денска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 км/ч. Температурата ќе се движи од 10°C минималната на повисоките места до 33°C максималната во југоисточниот крај. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. температурата во амкедонската престолнина ќе с едвижи од 11 до 31°C.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелови од Скопје неколку часа ќе бидат без струјаДелови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат: - Advertisements - од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај); од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром); од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“; - Advertisements - од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43