III Научна конференција и IV летна школа во Манастирот Св. Јован Претеча - Слепче 16-20 јули - Канал 5

III Научна конференција и IV летна школа во Манастирот Св. Јован Претеча - Слепче 16-20 јули

Од 16 до 20 јули 2021 година, на отворен простор во манастирскиот комплекс ќе се одржи III Научна конференција и IV Слепченско-демирхисарска летна школа – Манастирот Слепче, духовен, културен и уметнички центар.

III Научна конференција и IV летна школа во Манастирот Св. Јован Претеча - Слепче 16-20 јули

Од 16 до 20 јули 2021 година, во организација на Манастирот Св. Јован Претеча – Слепче и во соработка со ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на отворен простор во манастирскиот комплекс ќе се одржи III Научна конференција и IV Слепченско-демирхисарска летна школа – Манастирот Слепче, духовен, културен и уметнички центар.

На 16 јули во Манастирот со почеток од 12 часот ќе се одржи III Меѓународна научна конференција со учество на реномирани научници како проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Ванчо Георгиев, проф. д-р Елизабета Касапова, д-р Јехона Спахиу-Јанчевска, д-р Дарко Николовски, д-р Александар Василевски, д-р Васил Георгиев, д-р Емилија Апостолова-Чаловска, д-р Александар Крстаноски, д-р Виктор Недески, м-р Гоце Ристески, м-р Георгиј Секулоски и со линковско вклучување својот труд ќе го изложи проф. д-р Николај Зубов од Универзитетот во Одеса, Украина.

На 17 јули во Манастирот Св. Јован Претеча Слепче свечено ќе биде отворена овогодинешната Школа со промоција на Зборникот на трудови од Втората меѓународна научна конференција Манастирот Слепче и поствизантиската уметност на Балканот во XVI и XVII век, како и монографијата Црквата Св. Никола во Слепче, Демир Хисар од авторот д-р Сашо Цветковски, изданија произлезени од активностите на Школата во претходните години.

Истиот ден, 17 јули, започнуваат и едукативните предавања во рамките на попладневните работни сесии, кои секојдневно, до завршувањето на школата на 20 јули ќе се одвиваат во Манастирот. Предавањата тематски се насочени кон презентирање на дела-ракописи од Слепченскиот книжевен центар, посебно кон делата на најпознатите скриптори и автори Висарион Слепченски и Матеја Слепченски, но и на химнографски дела од досега непознати книжевни и музички дејци поврзани со подоцнежната историја на Манастирот. Пленарните предавања се подготвени од проф. д-р Илија Велев, а свое учество и излагање-презентација ќе имаат и неколку истражувачи м-р Геогри Секулоски, д-р Александар Крстаноски и м-р Гоце Ристески. Во рамките на овие попладневни предавања ги најавуваме и предавањата на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Ванчо Георгиев, проф. д-р Сашо Цветковски, д-р Виктор Недески кои се насочени кон презентирање на материјали, нови откритија и сознанија од работата на школата 2017-2019 г.

Активностите во рамките на овогодинешната Слепченско-демирхисарската летна школа ќе се одвиваат во доменот на пет научно – истражувачки секции предводени од реномирани професори и научни истражувачи: архитектура (проф. д-р Елизабета Касапова), археологија ( проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс), историја ( проф. д-р Ванчо Георгиев), историја на уметноста (проф. д-р Сашо Цветковски, раководител на школата), теологија ( д-р Виктор Недески) со учество на дваесеттина студенти, додипломци и постдипломци.

Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.

Во продолжение, следуваат изјавите на Игуменот Серафим и проф.д-р Сашо Цветковски - раководител на Четвртата Слепченско Демирхисарска школа, насочени кон значењето на овие настани за нашето културно историско и духовно наследство.

YouTube video

Беше тоа Игуменот Серафим. Следува уште една изјава, овојпат од проф.д-р Сашо Цветковски, како раководител на Четвртата Слепченско Демирхисарска школа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор.

Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици.

Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови.

За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка.

Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите.

Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството.

Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера.

Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен.

Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика.

Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“.

Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер