Играта „Фортнајт“ заработила 1.8 милијади долари минатата година

Веќе втора година по ред „Фортнајт“ е видео игра која остварува најголем годишен профит од дигитална продажба.

Минатата година оваа игра остварила заработка од 1.8 милијарди долари, што е за 25 проценти помалку од 2018 година, но сепак доволно за повторно да го добие првото место на листата за најголема заработка.

Главни конкуренти во минатата година за „Фортнајт“ беа „FIFA 19„  и „Call of Duty: Modern Warfare“, кои во вкупната продажба (дигитална и физичка) ја престигнаа играта но во онлајн т.е. дигиталната продажба „Фортнајт“ е се уште на врвот на листата.

„Фортнајт“ успеа да направи одличен систем во кој играчите ги претвора во потрошувачи, бидејќи козметичките измени во играта кои се доплаќаат станаа статусен симбол за играчите и тие се натпреваруваат чиј виртуелен изглед е подобар а за тоа секако трошат многу пари.

притисни ентер