Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
2Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеИграјте танго и кревајте тегови, звучи смешно, но може да ви го спаси животот – Како да го намалите ризикот од Алцхајмерова болест?Најважно е да го стимулирате мозокот преку задавање задачи. Процентот на луѓе кои страдаат од деменција постојано се зголемува со децении, и затоа начините за намалување на ризикот од оваа страшна болест се многу важни. Дури и кога се крајно необични, на пример, од играње бинго, пуштање гласна музика или носење кацига. Неврологот Емер Мексвини издвои девет необични начини за намалување на ризикот од Алцхајмерова болест: Не чепкајте во носот Ноздрите се главен „влез“ за повеќе патогени, а веќе е утврдено дека бактериите од ноздрите „патуваат“ до мозокот. Одредени бактерии, како што е кламидија, може да предизвикаат воспаление на мозокот и да го зголемат ризикот од Алцхајмерова болест. Намалете го консумирањето алкохол Докажано е дека интензивното пиење ги оштетува мозочните клетки и го забрзува падот на когнитивните функции. Играјте бинго Дружењето во кафуле или бинго е одличен начин да ги зајакнете социјалните релации. Исто така, на овој начин се стимулира работата на мозокот и се зачувува меморијата. Научете да играте танго Преземањето нови предизвици, како учењето да танцувате, е моќен начин да го одржите вашиот мозок здрав. Тангото е одличен избор бидејќи е комбинација од сложени физички движења и ментална концентрација. Научете да свирете Пуштете ја вашата омилена песна и учете да ја отсвирите. Не само што одлично ќе се забавувате, туку ќе ангажирате различни делови од мозокот и ќе ја подобрите меморијата, координацијата и когнитивната флексибилност. Мијте ги забите темелно Лошата оралната хигиена е тесно поврзана со ризикот од деменција. Пародонталната болест, која се јавува како резултат на лошата дентална хигиена, им овозможува на бактериите да навлезат во крвотокот и потенцијално да стигнат до мозокот и да предизвикаат воспаление поврзано со појавата на Алцхајмерова болест. Јадете боровинки Боровинките се моќни антиоксиданси кои спречуваат воспаление и оксидативниот стрес, два важни фактори кои придонесуваат за опаѓање на когнитивните способности. Редовното консумирање боровинки го намалува ризикот од деменција, ја подобрува функцијата на мозокот и ја подобрува меморијата. Носете шлем Не е шега, општопознато е дека повредите на мозокот, колку и да се мали, значително го зголемуваат ризикот од деменција. Дури и мала траума може да предизвика доживотни последици, поради што е неопходно носењето шлем при скијање или возење велосипед. Кревајте тегови Тренинзите за издржливост, како што е кревањето тегови, ја подобрува циркулацијата и предизвикува развој на фактори кои придонесуваат за опстанок на невроните. Вежбањето со тегови ги зајакнува коските и го намалува ризикот од паѓање и повреди на мозокот, пренесува The Sun.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возењеСите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБазенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањетоМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош. Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува. „Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт. Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето. Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски. Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија. Министерство за спортТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter