Играј со шампионите: Видеолотарија Касинос Австрија со игралишта го поттикнува спортскиот дух - Канал 5

Играј со шампионите: Видеолотарија Касинос Австрија со игралишта го поттикнува спортскиот дух

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија отпочна со  реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски  и спортски игралишта низ целата земја.

Играј со шампионите: Видеолотарија Касинос Австрија со игралишта го поттикнува спортскиот дух

Со донација од 3,284,019 денари, во Свети Николе ставено е во функција првото мултифункционално детско игралиште, кое го носи името на нашиот бренд амбасадор- Кирил Лазаров.

Видеолотарија Касинос Австрија со амбициозен план во периодот кој следи, сака да придонесе децата, нашата иднина, да добијат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата.

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, со донација од 3,284,019 денари денари, во Свети Николе е ставено во функција, првото мултифункционално детско игралиште кое го носи името на нашиот бренд амбасадор Кирил Лазаров. Се работи за модерно игралиште, на кое ќе може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, веруваме дека ќе придонесе за градење на спортски навики кај сите деца.

Спортските игралишта ќе бидат изградени по светски стандарди за играње мал фудбал, ракомет и кошарка. Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Со реализација на оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра. Во Битола веќе се работи на следно игралиште.

Израснав во училиштето до ова игралиште, тука научив да играм ракомет, па сум особено горд што денес заедно со Видеолотарија Касинос Австрија го ставаме во функција ова игралиште, овозможувајќи многу деца во иднина да го следат мојот пат, изјави спортскиот крал и бренд амбасадорот на Видеолотарија, Кире Лазаров.

До крајот на годинава, планирано е да се завршат уште неколку игралишта кои се во фаза на градба. Станува збор за мултифункционални и спортски игралишта.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во Скопје

Од денеска, граѓаните во Скопје имаат на располагање нова дигитална алатка за пријавување еколошки проблеми. 

ЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во Скопје

Официјално е лансирана ЕкоСкопје, паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување проблеми во градот и придонесува кон подобра комуникација меѓу граѓаните и надлежните градски служби.

Платформата е достапна за користење на: ekoskopje.skopje.gov.mk

Преку ЕкоСкопје, граѓаните можат да пријават еколошки проблем со приложување фотографија и локација. Пријавите се евидентираат во системот, по што следува нивно разгледување, проследување до соодветните градски служби и ажурирање на статусот. На овој начин, платформата создава можност за поедноставна и поорганизирана комуникација за еколошките проблеми во Скопје.

ЕкоСкопје е резултат на младинска идеја која прерасна во функционална дигитална алатка и потребата на градот за директна комуникација со граѓаните.

Официјалната промоција на ЕкоСкопје се одржа денеска во Europe House Скопје, во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.

На настанот се обратија Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Ewout Sandker, претставник на Европската комисија, и Иван Јованов, Извршен директор на ЛЕАД, кои го истакнаа значењето на младинското учество, дигиталните иновации и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во создавањето решенија за подобар град.

„И јас живеам во градот, пешачам и ги гледам истите проблеми, го дишам истиот воздух и знам колку може да биде фрустрирачки. Честитки до тимот и организацијата за оваа платформа која овозможува граѓаните и младите да бидат слушнати а градските служби ефективно да реагираат. Но можеме да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почетокот.“ изјави Еваут Сандкер, претставник на Европската комисија.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги охрабрува сите граѓани и млади: „На Скопје му се потребни идеи кои стануваат дела и соработка што носи видливи промени. Денес промовираме токму таков пример, платформа создадена од младинската енергија. Трудот на младите заслужува признание и практична поддршка а наша обврска е да создадеме простор нивните предлози да добијат примена. Ги повикувам граѓаните да ја користат платформата, а младите ги охрабрувам да продолжат да создаваат.“

Во рамки на настанот, Андреј Божиновски, член на победничкиот тим , ja претстави веб-платформата.

ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, кој го реализира ЛЕАД во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“.

Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна.

„Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации.

Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни.

Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот.

„Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот.

ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време.

Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови.

Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер