Играч на Партизан оди со патерици по синоќешната брутална тепачка во Мадрид, докторот загрижен - Канал 5

Играч на Партизан оди со патерици по синоќешната брутална тепачка во Мадрид, докторот загрижен

Бруталната тепачка помеѓу играчите на Реал и Партизан го прекина вториот натпревар од четвртфиналето на Евролигата во Мадрид на минута и 40 секунди до крајот, при водство на гостите со 95:80 и беше регистрирано со тој резултат.

Играч на Партизан оди со патерици по синоќешната брутална тепачка во Мадрид, докторот загрижен

На самиот крај дојде до тепачка по судирот меѓу партизановецот Пунтер и легендата на Реал, Серџи Љул, откако тој неспортски ја фаулираше ѕвездата на гостите.

Во тепачката учествуваа играчи од двете екипи, а истата започна со туркање. Но, набрзо прерасна во масовна тепачка. Џанан Муса, босанската ѕвезда на Реал Мадрид, беше удрен од партизановецот Пантер. Тогаш Муса беше фрлен одзади на подот од Лесорт. Хезоња почна да го штити својот соиграч и се обиде да го удри Пантер.

Но, во тој момент се случи најлошиот напад на тепачката. Гершон Јабуселе, бекот на Реал, висок два метри и тежок 123 килограми, го фати одзади дефанзивецот на Партизан, Данте Ексум и брутално го собори на подот. Најдобриот партизановец и играч на натпреварот тешко се повреди. По смирувањето на тепачката, судиите исфрлија толку многу играчи што не останаа доволно да го довршат натпреварот, кој потоа мораше да биде прекинат. Но, Ексум сепак не можеше да излезе од теренот.

YouTube video

Докторот на Партизан, Мома Јаковљевиќ за Телеграф откри во каква состојба бил асот на Партизан. "Сега го погледнав. Му пукна тетивата на вториот палец. Тешка повреда. До Белград ќе мора да оди на патерици, па да го снимаме таму. Повредена му е и горната усна", рекол докторот. На забелешката на новинарот дека можеби Ексум е повреден од газење на Габриел Дек додека бил на подот, Јаковљевиќ одговорил:

"Јабусел, број 28 го фрли со џудо потег. Тоа е за затвор, за доживотна суспензија. Можеше да му наштети на 'рбетот, главата и да му ја заврши кариерата.. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тоа е сериозна повреда". На прашањето дали Ексум ќе може да ја продолжи кариерата и кога, доктор Јаковљевиќ одговори: „Сега е тешко да се зборува за тоа. Ќе имаме дополнително снимање во Белград“.

@jalejr1 Partizan!!! ⚫️⚪️🫡 #basketball #partizan #belgrade #serbia #madrid #realmadrid #spain #playoffs #turkish #airlines #beograd #srbija #balkan #coach #obradovic #serbia #greece #turkey #spain #italy #starkarena #record #partizanbelgrade #music #partizanbeograd #paok #fenerbahçe #istanbul #panathinaikos #foryou #viral #viralvideo #viraltiktok #tiktok #TikTok #parati #foryourpage #euroleague #abaleague #usa #nba #fans #grobari #atmosphere #amazing #loveit #tiktok #fy #fyp #home #basketballtiktok #basketballvideos #funny #funnyvideos #funnyvideo #funnymoments #funnytiktok #edit #edits #parati #dance #celebrate #fypシ #fypシ゚viral #fypage #thankyou #enjoy #top #top8 ♬ original sound - NoName

Но, снимката од белградскиот аеродром „Никола Тесла“, направена откако играчите на Партизан утринава слетаа таму со триумфален пречек од навивачите, покажуваат дека Ексум влегол во лобито на аеродромот шетајќи нормално, без да куца. Откако дошол од зоната за пријавување кај навивачите, добил патерици, се потпрел на нив и почнал да оди со нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Овие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот.

Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион.

Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“.

Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер