Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
Други спортовиИгор Стефановски – Иџе спортист на Македонија за 2014 годинаАвтомобилистот Игор Стефановски – Иџе е избран за спортист на Македонија во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој во оваа календарска година успеа да стане европски шампион на ридски патеки. - Благодарноста за ова признание не можам да ја искажам со зборови. Ова е за мене поголемо и од европската титула затоа што доаѓа од мојата држава, затоа што доаѓа како избор од спортски работници и од новинари и медиуми кои цело време ме поддржуваат. Се надевам дека успехот на интернационалната сцена ќе го повторам и следната година, изјави Стефановски по добивањето на признанието. Признанието најдобра спортистка и припадна на фудбалерката Наташа Андонова, додека за најдобар македонски спортист во странство е прогласен ракометарот Кирил Лазаров. За најдобар тренер наградата ја доби селекторот на машката одбојкарска селекција Жарко Ристоски, а најдобра федерација во 2014 година е прогласена ракометната. Признанието најдобар машки тим го освои машката ракометна репрезентација, а кај жените најдобра е карате селекцијата. Најдобар спортист со инвалидитет е Оливера Биковска – Накова (стрелаштво). Во конкуренција на млади спортисти наградени се каратистите: Берат Јакупи (мажи) и Поликсенија Јовановска (жени). Признанија за придонеси во спортот добија: Томи Стефановски (пливање), Индира Кастратовиќ (ракомет) и Лино Червар (ракомет), додека како стопанственици кои придонесуваат во спортот наградени беа Минчо Јорданов (Металург) и Сергеј Самсоненко (Вардар). Во рамките на универзитетскиот спорт наградата ја доби Карате репрезентацијата на Македонија, кај средношколците признанието го доби СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола, а кај основните училишта наградата е за ОУ „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција. Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија. 28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите. Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животиЗасилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција. Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилнициПрво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter