Игор Крајчев на средба со читателите во Велес - Канал 5

Игор Крајчев на средба со читателите во Велес

Саем на книгата во Велес.

Игор Крајчев на средба со читателите во Велес

Во рамките на Саемот на книгата што се одржува во Велес, денеска 17 април, во 18:00 часот, истакнатиот македонски писател Игор Крајчев ќе има средба со читателите. Ова ќе биде убава можност, читателите и вљубениците во пишаниот збор, со авторска посвета да го добијат романот „Воини и херои“ и воедно да се запознаат и продискутираат со авторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати се осминафиналните парови во Купот на Македонија

Познати се осминафиналните парови во Купот на Македонија, откако во куќата на фудбалот (ФФМ) беше извлечена ждрепката за следната фаза од најмасовното домашно натпреварување.

Познати се осминафиналните парови во Купот на Македонија

Како еден од најпривлечните дуели се издвојува пресметката меѓу Силекс и Пелистер, два тима со богата традиција. Во меѓусебен дуел ќе се соочат и екипите на Вардар и Тиквеш, додека вистинско дерби во најава е прволигашката пресметка помеѓу Башкими и Шкендија Арачиново.

Мечевите се закажани за 27 и 28 октомври.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ:

Скопје – Новаци

Струга ТЛ – Беласица

Брера – Арсими

Вардар – Тиквеш

Пелистер – Силекс

Работнички – Саса

Македонија ЃП – Брегалница

Башкими – Шкендија Арачиново

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва.  Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. 

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата.

Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми.

Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој.

Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација.

Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција.

„Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство.

„Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој.

Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал.

ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа.

Програмата е организирана во пет модули, посветени на:

* лидерство, тимска работа и организација;

* комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки;

* јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки;

* финансии, буџетирање и економски показатели;

* политички менаџмент, организација и кампањи.

Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор.

На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија.

Како да се пријавиш?

Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на:

[email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата.

Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер