Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
АвтомобилизамИгор Иџе Стефановски со победа во ШвајцаријаБренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе се враќа од Швајцарија со победа. Изминатиов викенд автомобилскиот шампион беше најбрз во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Бренд амбасадорот на Видоелотарија Касинос Австрија, Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката. До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по осум трки. Видеолотарија Касинос Австрија му го честита новиот подиум. Ќе продолжиме силно да веруваме во неговиот потенцијал и ќе го поддржиме летечкиот Македонец во шампионски амбиции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)Се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.Бура проследена со град, силни ветрови и обилни дождови погоди делови од Словенија попладнево, а најлошата ситуација е забележана во областа околу Драмаљ и Плетоварј, во близина на Словенске Коњице, каде што граѓаните пријавуваат големи материјални штети. Во овие области падна град со големина на лешник, а фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат овоштарници и лозја покриени со мраз, како да наврнал лесен снег. Според порталот „Siol.net“, околу 15 часот бурата ги зафатила и другите делови на Штаерска, каде што возачите, плашејќи се од град, застанале под надвозници и во тунели. „Reševalni pas“ објави на Фејсбук дека, според неофицијални информации, се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале. „Исклучително глупав, опасен, неразумен и луд потег, особено затоа што, според снимките од камерата во близина на Драмаљ, возачите имале можност да се тргнат од автопатот само неколку секунди пред надвозникот“, соопшти институтот, додека некои корисници на социјалните мрежи изјавија дека на несовесните возачи „треба доживотно да им се одземат возачките дозволи“. Неколку помали бури се движеа југоисточно од Словенија во текот на попладнето, над Вараждинската, Крапинско-Загорската, Загребската и Карловачката жупанија во Хрватска, но засега нема информации за голема бура. Словенечката агенција за заштита на животната средина (ARSO) објави дека се очекуваат нови врнежи од дожд со грмотевици во текот на попладневните и вечерните часови, но дека временските услови треба да се смират во текот на ноќта. Во некои низински подрачја во внатрешноста на земјата е можно и краткотрајно формирање магла, објави „ARSO.“Тагови: бура словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМечка забележана на една од патеките на ВодноПлатформата Ски-Македонија предупредува дека на Водно е забележана мечка, поради што апелираат до посетителите да бидат внимателни при движењето низ шумските патеки. Според објавените информации, мечката е забележана над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек, а информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва. Според нив, животното се движи по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега не биле пријавени напади или други инциденти, но сепак, велат присуството на мечка во овој дел од Водно е доволна причина посетителите да бидат внимателни. Тагови: Водно мечка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛокализиран пожарот кај Пирин Чешма во валандовскоЛокализиран е пожарот во Валандовско кој во текот на целиот ден гореше на непристапен терен кај месноста Пирин Чешма. Градоначалникот на Валандово Ѓоко Камчев вели дека огнот е ставен под контрола благодарение на брзата реакција на сите служни и на Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter