КултураИгор и Ана Дурловски и оркестарот „Ајга“ вечерва на „Охридско лето“ Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера,Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска.&nКонцертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и балет во 1999 година и има учествувано во петнаесетина нови продукции. Неговата интернационална кариера започнува во 2001 година во Виенската камерна опера како Нонакоур во операта „Флорентинската сламена шапка“, а потоа следуваат улогите на Плуто во „Танцот на неблагодарните души“од Монтеверди, како и Плутоне во „Евридиче“.Во сезоните 2009/2011 настапува во Државниот театар во Касел во Германија каде остварува десет нови продукции. Во 2013 година дебитира во Операта во Лајпциг во Вагнеровата опера „Самовили“ која доживува своја реприза на престижниот фестивал во Бајројт. Во 2014 година дебитира во Театарот во Линц во Австрија со улогата на Зарастро, а следната година и во Државниот театар во Штутгарт. Во 2016 година ја толкува улогата на Тимур во „Турандот“ во Макао (Кина), а следната година е дел од продукцијата на операта „Аида“ во Хонг Конг. Настапувал со филхармониските оркестри во Белград и во Москва, како и со Македонската филхармонија. Има настапувано во дваесетина држави на повеќе континенти. Македонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје, а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, по што ѝ се отвораат и вратите на оперите во Србија, Босна, Хрватска и во Албанија. Во 2006 година таа дебитира во Виенската државна опера како Кралица на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога која ја повторува и во Баварската државна опера, во Берлинската опера и во Германската опера во Берлин. Од 2006 до 2011 година Дурловски е член на оперскиот ансамбл на Операта во Мајнц каде ги пее улогите на Лучија („Лучија ди Ламермур“), Софи („Кавалер со роза“), Музета („Боеми“) и Манон („Манон“). По овој ангажман, таа станува еден од солистите ангажирани во Државната опера во Штутгарт, каде нејзината интерпретација на главната улога во „Месечарка“ ѝ ја носи наградата „Фауст“ за најдобра женска улога доделена од германската стручна критика, а списанието „Опернвелт“ ја прогласува за „откритие на годината“. Во Штутгарт ги исполнува и улогите на Моргана („Алчина“), Фоли („Плате“), Сестра Констанцa („Дијалози на камрелиќанките“), Цербинета („Ариадне“), Виолета („Травијата“), Олимпија („Хофманови приказни“), Елвира („Пуритани“) и Норина („Дон Пасквале“). Во Мадрид настапува како Розина во „Севилскиот берберин“, а е Кралица на ноќта и Олимпија. Во 2014 година дебитира во њујоршката „Метрополитен“ како Кралица на ноќта, улога која ја одбележува нејзината кариера со која настапува и со Берлинската филхармонија на Фестивалот во Баден-Баден под диригентската палка на сер Сајмон Ратл, како и во Мадрид, во Берлин и на Фестивалот во Брегенц. Во Дрезден ја исполнува улогата на Џилда во „Риголето“, а на престижниот фестивал во Бајројт ја изведува улогата на Валдвогел во „Зигфрид“ во 2016 и 2017 година. Други проекти ги вклучуваат Лучија ди Ламермур во Грац и во Хамбург, ја пее главната улога во „Алчина“ во Стразбур и во Дармштад и е Маргарита во „Хугеноти“ во Манхајм, како и Дона Ана во Театарот во Билефилд. Добитничка е и на признанија од списанието „Opernglas“ за улогите на Амина и Фоли. Од 2015 година Ана Дурловски е носителка и на највисокото државно признание – титулата „Национален уметник на Р. Македонија“. Камерниот оркестар „АЈГА“ е формиран во септември 2022 година и во него членуваат истакнати имиња на концертната сцена кај нас, предводени од концерт мајсторот Ева Богоевска. Оркестарот во различни формации (камерен, гудачки, симфониски) реализира повеќе концерти што предизвикаа бројни воодушевувачки импресии и кај публиката и кај музичката критика Диригентката Ана Спасовска е добитник на угледни диригентски признанија, меѓу кои стипендист на Меѓународниот натпревар и фестивал „Жорж Енеску“ во 2024 година и е дел од престижната менторска програма „Таки-Алсоп“ 2024–2025, преку која остварува соработка со Марин Алсоп. Во 2022 година ја освои Првата награда на Меѓународниот натпревар за оркестарско диригирање во Сегед, Унгарија. Своето диригентско деби го остварува со Симфонискиот оркестар на Дубровник и оттогаш има диригирано со бројни оркестри низ Европа и САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook