Игнорирањето на закажаните кардио-васкуларни прегледи носат сериозни последици - Канал 5

Игнорирањето на закажаните кардио-васкуларни прегледи носат сериозни последици

Половина од закажаните пациенти во Крадиоваскуларен центар за интервентна кардиологија во болницата „8 септември“ не доѓаат и не ги откажале своите прегледи. Причина за недоаѓањето е ковид пандемијата. 

Игнорирањето на закажаните кардио-васкуларни прегледи носат сериозни последици

Доктор Антовски од овој центар објаснува дека во последната година со пандемијата гледаат помалку пациенти, но оние што доѓаат се во влошена состојба, а многу често и со фатален по животот срцев удар. Тој вели дека не можно да ги снемало пациентите, туку голем дел од нив се плашат да дојдат.

Во овој центар поделени се пациентите кои се позитивни и негативни. Антовски го заврши синоќешното дежурство кога биле примени двајца пациенти со инфаркт, а биле позитивни на ковид. Тие ставени во посебни оддели. Она што загржува е што во Македонија најчести крадиоваскуларните заболувања се на прво место по смрттност и границата се намалува. Од четириесетата година кај мажите, а нешто подоцна кај жените. Контролите се најважни, вели Антовски.

Постковид кардиолошките компликации се многу чести и кај помладите иако поретко, но ги има. Најважно во овој период е граѓаните да посетуваат контроли, и да не се плашат да доаѓаат и секако правилно да се информираат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Фудбалскиот стратег Златко Далиќ ќе стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати по завршувањето на неговиот мандат на клупата на Хрватска.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Како што потврдија „Спортске новости“, хрватскиот селектор дефинитивно заминува на „Емирати“, каде што ќе започне ново поглавје од својата тренерска кариера.

Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно, без бонусите.

Тоа е речиси трипати поголема плата од онаа што ја имаше во Хрватскиот фудбалски сојуз, па така тој ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата.

Со Далиќ во Емиратите треба да замине и Даниел Субашиќ. Поранешниот голман на хрватската репрезентација ќе биде задолжен за работа со голманите во стручниот штаб.

Посебна улога треба да има и искусниот Бранко Иванковиќ, кој ќе стане советник во Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. 

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни.

Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку?

Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата.

Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија.

Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО

Заменик-министерот за здравство,  Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки.

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита.

Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите препораки и предлози. Заменик-министерот истакна дека пациентските организации треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и законските решенија што непосредно ги засегаат пациентите.

Соговорниците дискутираа и за можностите за продлабочување на соработката со Канцеларијата на Светската здравствена организација, со цел примена на меѓународните искуства и добри практики, подобрување на планирањето и градење поефикасен и поодржлив здравствен систем.

На средбата беше разгледана и состојбата со онколошката терапија, како и мерките што се преземаат за надминување на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат пациентите. Беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата.

За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата.

Дополнително, се разговараше за навремената дијагностика, подобрата информираност на пациентите, поедноставувањето на административните постапки и за другите предизвици во остварувањето на правата од здравствена заштита.

Заменик-министерот нагласи дека Министерството за здравство останува отворено за редовна, суштинска и транспарентна соработка со ХЕМА-ОНКО, групата Пеперутки и со сите пациентски организации.

„Пациентите и нивните претставници се наши партнери во создавањето подобар здравствен систем. Преку отворен дијалог и заедничка работа ќе продолжиме да создаваме системски, одржливи решенија, во кои пациентот ќе биде во центарот на секоја одлука“, истакна заменик-министерот Андовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер