ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 26 септември, македонски филмови за отворање и затворање на фестивалот - Канал 5

ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 26 септември, македонски филмови за отворање и затворање на фестивалот

Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ од 20 до 26 септември во Битола ќе прикаже над 40 филмови во официјалната програма и ќе има околу 150 домашни и странски гости.

ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 26 септември, македонски филмови за отворање и затворање на фестивалот

Во главната официјална програма за наградата „Златна камера 300“ ќе има два македонски филма – со новиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, 46-тото издание на ИФФК ќе биде отворено, а за затворањето на 26 септември ќе биде прикажан филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски и кинематограферот Наум Доксевски.

Специјална „Камера 300“ за особен придонес во филмската уметност ќе му биде доделена на наградуваниот турски режисер Семих Капланоглу, а наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), годинава ќе му биде врачена на филмскиот композитор Кирил Џајковски.

Ова беше соопштено на првата прес-конференција на ИФФК во пресрет на новото фестивалско издание.

Директорот на ИФФК Димитрија Доксевски рече дека 46-тото издание на најстаиот фестивал посветен на кинематограферите ќе биде „возбудливо, богато и квалитетно“ и оти интензивно го подготвуваат во изминатите три и пол месеци.

Како што рече, нешто што се провлекува од првото издание на ИФФК и е негова специфика е дека е прв фестивал во светот што ја слави уметноста на филмската камера.

-Големо бгатство што ние треба да го негуваме и затоа ќе се трудам таа традиција да се негува и да се развива. Речиси се што е традиција и концепт на фестивалот ќе го зачуваме и ќе продолжуваме да го равзвивавме. Остануваат традиционалните официјални програми од минатите гидини – Главната официјална програма „Камера 300“, со која фестивалот ќе се отвори на 20 септември во Битола, потоа Кратка програма, Документарна и Студентска програма, оваа година ја враќаме програмата „Макпоинт“ во која ќе се прикажуваат филмови од македонската продукција, ќе имаме уште неколку селекции на филмови ... Оваа година ќе имаме повеќе од 40 квалитетни филмови во официјалната програма, истакна Доксевски.

Додаде дека околу 150 филмски автори и врвни уметници ќе ја збогатат програмата и ќе учествуваат на проекциите, како и на работилници, мастеркласови и во придружните програми.

Селекторот на програмата, Слаѓан Пенев, рече дека главната програма ќе биде дополнително соопштена и ќе прикаже нови филмови наградени на последните најпрестижни светски фестивали – Кан, Берлин, Венеција, Локарно, Торонто...

Во главната селекција се и два макеоднски филма – „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно ќе има премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција, и филмот на Георги М. Унковски – „Диџеј Ахмет“, наградуван на голем број фестивали, за кој селекторот Пенев кажа дека очекува да биде еден од најсериозните кандидати за главната награда на ИФФК.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи соопшти дека токму на фестивалот во Битола ДФРМ ќе одбележи 75 години од своето основање во 1950 година, кога е формирана и првата продукциска куќа во Макеоднија – „Вардар филм“. Како што рече, ќе има значајни содржини по повод годишнината и ќе бидат доделени признанија.

Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ ДФРМ оваа година му ја доделува на филмскиот композитор Кирил Џајковски која ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот, на 26 септември.

Наградата се доделува од 2013 година кога прв добитник беше режисерот Кирил Ценевски.

Иванов-Изи за Џајковски рече дека не е само филмски композитор, туку „познат скопјанец, творец на културната сцена и на културниот профил на нашиот град и на нашата држава“.

-Го знаеме уште од дамнешни времиња, од неговиот бенд „Бастион“, потоа се појави во „Леб и сол“, на албумот „Као какао“ и направи извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно. За неговите диџејски и соло-проекти воопшто и да не зборуваме ... Не е лесно да се најде лауреат во оваа мала земја за оваа награда, а да не се направи пропуст затоа што критериумот е многу висок и таков и треба да остане, тоа е нашата заложба, рече Иванов-Изи на првата прес-конференција по повод 46-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер