КултураИФФК „Браќа Манаки“ од 18 до 27 септември во БитолаПод мотото „Филмот е убав“ од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Годинашни лауреати на наградата за животно дело „Златна камера 300“ се кинематограферите Јаромир Шофр од Чешка, Ришард Ленчевски од Полска и Божидар-Бота Николиќ од Србија. Николиќ е првиот добитник и на наградата СЕЕ камера за придонес во балканското филмско наследство. Лауреатите на денешната прес-конференција ги соопшти директорот на фестивалот, Димитар Николов. - Интенцијата на тимот оваа година беше фестивалот што повеќе да се регионализира, програмски и тематски и да си го најде местото меѓу најзначајните филмски фестивали на Балканот. Годинава решивме да има три лауреати. Направивме вистински избор. Лауреатите и покрај возраста ќе бидат на фестивалот, а двајца од нив ќе бидат и во жирито, рече Николов. Појасни дека Ленчевски, како претседател и Николиќ, како член ќе бидат дел од меѓународното жири, заедно со Ерџан Кесал (сценарист и актер од Турција), Хајет Бенкара (продуцентка и организатор на светски фестивали) и нашиот режисер и сценарист Митко Панов. Во рамки на фестивалот се предвидени повеќе работилници, презентации, мастер класи, ќе има изложба на фотографии на браќата Манаки, што ја подготви Роберт Јанкулоски, ќе се промовира книгата „Само сонот е јаве“ на Илинденка Петрушева. Мастер клас ќе одржи режисерот Милчо Манчевски кој ќе зборува за уметноста и вештинаата за режирање на кадарот. Манчевски ќе одржи уште еден мастер клас само на македонски јазик, со двајца млади актери, наменет за актери и филмски професионалци. Николов истакна дека особено е важна соработката со сите државни универзитети од ЈИЕ регионот и додаде оти во Битола ќе пристигнат околу 60 студенти кои ќе учествуваат на многу работилници. Тој информира дека Фестивалот во соработка со една од најреномираните светски институции и филмски фондови за поддршка на нови таленти „Торино филм лаб“ ќе организира четиридневна регионална работилница за развој на чќетири сценарија. Студентската програма годинава ќе биде под закрила на Еуролинк и Американската амбасада во Македонија. - Годинава ќе промовираме и два нови тематски пристапи кон филмот. Едната е „Земја во фокус“-Мексико, а другата е во соработка со реномираниот агент за продажба од Франција „Вајд“-програма на провокативни светски дела на млади автори од целиот свет „Ај он филмс“. Воспоставивме соработка и со Унгарската филмска лабораторија, која се согласи најдобриот филм во прогрматата „Нов европски филм“ да го награди со 10 илјади евра за пост-продукција, рече Николов. Им се заблагодари на поддржувачите на фестивалот Министерството за култура, градот Битола, Агенцијата за филм. Краток осврт за делото на годинашниве лауреати даде уметничкиот директор на фестивалот Благоја Куновски - Доре. Беа претставени и креативните решенија и официјалните плакати за 36. издание на фестивалот, кои се дело на маркетинг агенцијата „Меккен Скопје“. Поддржувачи на фестивалот се Вип оператор, БиМилк, Прилепска пивара и други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на УкраинаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати. Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања. Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција. За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина. Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина. „Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна. Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.Тагови: Володимир Зеленски Старлинк украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter