КултураИФФК „Браќа Манаки“ од 18 до 27 септември во БитолаПод мотото „Филмот е убав“ од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи 36.Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.Фестивалот ќе биде промовиран во рамки на Филмскиот фестивал во Кан од 13 до 24 мај, а повод за претставувањето е 110 години од творештвото на браќата Милтон и Јанаки Манаки. Наместо седум Фестивалот ќе трае десет дена со збогатена програма Две нови програми ќе бидат вклучени во Фестивалот - „Нов европски филм“ и „SEE Camera“. Директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Димитар Николов денеска на прес-конференција рече дека на Фестивалот во Кан сакаат да ги презентираат сите можности и да покажат дека можат да направат светско издание на Фестивалот, како што било досега. - Во Кан ќе бидат презентирани сите релевантни материјали за Фестивалот, за градот Битола, за градот Битола како филмски град, за она што досега се направило и она што сакаме да го направиме. Ова е можност да направиме добра презентација на Фестивалот, истакна Николов. Посочи дека годинава Канскиот фестивал ќе биде одбележан со 120 години творештво на браќата Лимиер, а само 10 години подоцна во 1905 година, браќата Манаки се појавија на светската мапа и со камерата ги направија првите снимки во Македонија и вооопшто на Балакнот. - Ова е убав повод да покажеме дека на овие простори ние не сме заостанувале многу зад Европа и светот, да покажаеме дека сме можеле и тогаш и денеска да бидеме во тренд со работите и дека можеме да се носиме со предизвиците, додаде Николов. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески рече дека за Канскиот фестивал подготвиле исклучително значаен материјал и ќе се претстават со се она што значи Битола и целиот регион. - Не е тајна дека во радиус на еден километар околу Битола се можеби најголемите убавини, или можеби тоа е најубавото отворено филмско студио во целиот регион. Секаде околу Битола се најубавите планини, езера, тука е Мариово, Крушево, Прилеп, Преспа, Охрид итн. Веројатно сме првата општина која во Република Македонија направи маркица за филмски студија. Ние веќе имаме маркица во делот на старата Касарна која интензивно се гради, таму година и повеќе е големо градилиште, посочи Талески. Појасни дека годинава почнуваат со нов проект за целата инфраструктура. - Веројатно таму ги имаме најголемите услови и веројатно Битола најмногу заслужува да се направи филмски град. Битола станува многу интересна дестинација за продукција на филмови. Во Кан ќе се претставиме пред сите филмаџии и цениме дека тука ќе направиме еден чекор напред. Нема домашна продукција која не снимаше во Битола, но тука се и други големи продукции и балкански и интернационални. Тука се снимаше популарната турска серија „Збогум Румелија“, а Турците најавуваат и нови екипи, рече Талески. Додаде дека деновиве подготвуваат тендер да ја понудат маркицата на заинтересирани филмаџии да изградат филмски студија и во Битола. Директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Дарко Башески истакна заедно со меѓународната мрежа на филмски продуценти во јуни ќе организираат голема работилница во Скопје на која ќе учествуваат околу 80 продуценти од Европа и 18 до 20 меѓународни експерти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИталијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha. - Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави. Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша. „Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“ Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“ Но, потоа таа го покажува решението. „Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува: „Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“ А потоа таа демонстрира како изгледа. Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената. Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време. Тагови: астронаутка вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32