Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураИФФК „Браќа Манаки“ од 13 до 19 септември, премиери на два македонски филмаСедумдесет и шест филмови од кои 11 во главната програма во трка за наградите „Камера 300“ ќе бидат прикажани на 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој со мото „Кон ѕвездите“ годинава ќе се одржува од 13-ти до 19 септември.На програмата на фестивалот се и премиерите на два македонски филма - „До балчак“ на режисерот Столе Попов, кој ќе биде прикажан на вториот ден од фестивалот и „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески - за затворањето на годинашниот ИФФК. Официјалната програма, селектирана од Благоја Куновски-Доре донесува најнови филмови прикажани на престижните светски фестивали во Берлин, Кан, Венеција, Карлови Вари, некои од нив наградени. Според селекторот, со изборот на проверени уметнички креации, во силната конкуренција на главната програма сите кинематографери се потенцијални кандидати за наградите, за кои ќе одлучува интернационално жири. Во натпреварувачката програма на кратки филмови се девет остварувања (меѓу кои две македонски), програмата „Нови визии“ донесува пет наслови, а девет (сите премиерни) се во селекцијата документарен филм. Во некомпетитивната програма „Кратко-слатко“ на Европската филмска академија ќе бидат прикажани 15 кратки филмови. И оваа година, официјалниот партнер на фестивалот ВИП организира детска програма со пет филма како и четиридневна работилница за правење филм, наменета за деца од 11 до 16 години. Во специјалните проекции ќе бидат филмовите на годинашните лауреати-оскаровци: филмот „Големата убавина“ на директорот на фотографија Лука Бигаци, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“, и „Читачот“ на кинематограферот Крис Менџис, годинашниот добитник на „Златна камера 300“ за животно дело. Наградата „Златна ѕвезда“ која лани ја воведе Друштвото на филмски професионалци на Македонија ќе му биде доделена на Милчо Манчевски, кој пред 20 години со „Пред дождот“ освои „Златен лав“ во Венеција. Во чест на Манчевски ќе бидат прикажани и „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“. Филмот што ќе биде прикажан на отворањето на „Браќа Манаки“, како и ѕвездата на фестивалот оваа година, ќе бидат дополнително соопштени. Директорката на ИФФК Лабина Митевска на прес-конференција рече дека е горда на постигнатото во изминатите години. - Македонија преку „Браќа Манаки“ и годинава ќе биде сјајна ѕвезда на филмското небо, рече Митевска. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференцијата истакна дека во изминатите години ИФФК имал исклучителни изданија и дека е меѓу ретките фестивали во светот кој ја вреднува естетиката на филмската камера. Таа посочи и на големиот подем на филмската дејност што се должи на заложбите на Владата на РМ, Министерството за култура и Агенцијата за филм. - Во последните седум години се поддржани 156 филмски проекти, копродукции со странски партнери, 616 учества на меѓународните фестивали, на кои се освоени 113 награди, импозантен број што е валоризација на уметничкиот труд, рече Канческа-Милевска. Таа ги наведе и воведените мерки кои на долг рок овозможуваат поволен амбиент за домашното филмско творештво. Меѓу нив е новиот Закон за филмска дејност од минатата година кој има многу бенефиции за домашните и странските продуценти, зашто обезбедува поголем фонд средства за финансирање на филмската дејност и продукција на повеќе филмови. - Законот овозможи за средствата вложени во реализација на филмски проекти на територијата на Република Македонија, право на поврат на дел од вложениот капитал. Оваа поволност во значителна мерка ја зголеми атрактивноста на РМ како земја која поседува голем потенцијал и инфраструктурен капацитет за реализација на филмски проекти, рече министерката за култура. Во однос на постигнувањата во филмската дејност се надоврза и директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, кој истакна дека околу 120 освоени награди на над 600 учества на фестивали се потврда дека покрај квантитет, се продуцира и квалитет. До крајот на годинава се очекуваат премиерите на уште три македонски играни филма: „Мојот брат Лазар“ на Светозар Ристовски, „Враќање“ на Кастриот Абдили и „Медена ноќ“ на Иво Трајков. Башески информираше дека пет нови филмови почнале да се снимаат или се во подготовка: „Чекајќи ги парите“ на Слободан Деспотовски, „Ослободување на Скопје“ на Роберт Насков и „Чекај ме/ Сведок“ на Митко Панов и дебитантските долгометражни филмови на Даријан Пејовски (Три дена во септември) и на Вардан Тозија (Безимени). Филмот „До балчак“ на Столе Попов, по сценарио на Горан Стефановски, поради должината (2 часа и 45 минути) ќе биде прикажан на втората фестивалска вечер (14 септември од 20 часот). Попов рече дека сценариото е старо 27 години, но фасцинира со актуелноста на идејата што ја носи: исконското чувство за слобода и за свој идентитет. - Актуелноста е во повторувањето на историјата - како ништо да не се менува, можеби само империите и малите народи кои повторно се будат, рече Попов. Тој потсети на неуспешните два претходни обида филмот да се реализира (првиот во СФРЈ и вториот на почетокот на независна Македонија) и дека по толку години сегашната политика имала разбирање за неговиот филм со национална тема. На затворањето на ИФФК, на 19 септември, премиерно ќе биде прикажан филмот на Антонио Митрикески „Деца на сонцето“, по сценарио на Гордан Михиќ. Продукцијата денеска соопшти дека светската премиера на филмот ќе биде на 22. филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон, на 25 септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаИталија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиониИталија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи. Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим. Соработка Берлин-Рим Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство. Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин. Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00