Идрис Елба е новото заштитно лице на Келвин Клајн, обожувателките воодушевени (ВИДЕО) - Канал 5

Идрис Елба е новото заштитно лице на Келвин Клајн, обожувателките воодушевени (ВИДЕО)

Откако рекламната кампања за долна облека на Келвин Клајн во која настапува моделот-актер Џереми Ален Вајт неодамна ги полуде мажите и жените ширум светот, брендот повторно најде ѕвезда за новата реклама.

Идрис Елба е новото заштитно лице на Келвин Клајн, обожувателките воодушевени (ВИДЕО)

51-годишниот Идрис Елба е новото лице на линијата за машка облека пролет 2024 година на Келвин Клајн. Досега ретко бил модел на реклами, а ова е негова прва кампања за Келвин Клајн. Актерот на сликите и видеата изгледа како таен агент.

YouTube video

За снимањето, Идрис имал само еден услов - сакал да носи облека во која ќе се чувствува пријатно и кога ќе се исклучат камерите. Вака му порача на модниот фотограф Мерт Алас, кој стои зад овие фотографии.

„Му кажав дека сакам само да бидам јас и да не се обидувам да правам модел од себеси или што и да е, туку да останам доследен на себе“, рекол актерот, пишува Variety.

Мерт го снимил Елба како се шета по улиците на Лондон во класична, елегантна облека. Во друга сцена, тој носи бомбер јакна и обична маичка, за која вели дека е неговото омилено модно парче.

„Важно ми е како стои маицата, но и самата текстура и удобност. Ми се допаѓа што маичката е поблиску до моето тело, ракавите убаво стојат на рамениците, а токму тоа е и Келвин Клајн. За мене тоа е совршен модел на маица“, рече тој.

Обожавателите на брендот се радуваа за новата кампања и изгледот на Идрис, а некои посакуваа актерот да сними реклама за долна облека како неговиот колега Ален Вајт.

„Жешка реклама“, „Тој е неодолив“, „Сè му изгледа добро“, „Сакаме Елба во долна облека ЦК“, „Тој треба да биде следниот Џејмс Бонд“, „Ако ова не е доволно за да биде избран за следен Бонд, не знам“, „Келвин Клајн пак удри“, „Занемев“, се дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер