Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај - Канал 5

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневен ред. 

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај

За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески кој доаѓа од Економскиот факултет и тој треба да дојде на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

- Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјансија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата

Најмалку 20 лица се повредени откако автобус со повеќе од 50 патници, главно ученици од Германија, се преврте во Холандија рано утринава.

Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата

На патот А28, во близина на Везерп, автобусот излетал од коловозот откако се судрил со доставно возило, јавува холандскиот сервис NOS.

Според локалните власти, автобусот удрил во доставното возило одзади, при што тоа скршнало и се превртело на страна на спротивната страна од патот.

Во автобусот имало повеќе од педесет луѓе, главно ученици од Германија. Осум лица се пренесени во болница со повреди, меѓу кои и возачот на доставното возило.

Според полициските извештаи, некои од нив се во тешка состојба. Покрај повредените кои морале да бидат пренесени во болница, голем број други лица со полесни повреди биле прегледани на самото место.

Според портпаролот на полицијата, меѓу повредените имало и тинејџери.

Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат како пожарникарите ги извлекуваат патниците низ покривот на автобусот. Повредените, како што се наведува, главно се здобиле со исеченици од стакло. По несреќата, автопатот А28 беше затворен во двете насоки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултати

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.

Филипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултати

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена.

„Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче.

Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите.

„Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство.

„Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре.

„Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче.

Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните.

„Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано Роналдо

Георгина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.

Георгина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано Роналдо

Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми.

Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца.

Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година.

Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео.

Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него.

Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка.

Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер