Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера - Канал 5

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Овој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. 

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита.

На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки.

Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина.

Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Во моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга.

Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Синер не му е дозволено да тренира!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември.

На Синер не му е дозволено да тренира!

По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен.

Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано.

„Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември.

Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер