Иџе трет во група 1 во ФИА европскиот шампионат на ридски патеки - Канал 5

Иџе трет во група 1 во ФИА европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1.

Иџе трет во група 1 во ФИА европскиот шампионат на ридски патеки

Со своето „Ферари “, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат.

„Завршен е Бузет. Феноменална трка и атмосфера. Горд сум што многу луѓе од Македонија беа тука. Трето место во група 1 во финалната класификација во овој шампионат е голем успех за мене и за мојата Македонија. Сезоната беше долга, со многу предизвици, но и со пиедестали, победи и убави моменти, Завршени се 11 трки, низ цела Европа. Имавме преубава тркачка сезона. Морам да бидам искрен и да спомена дека имавме и предизвици, и физички и психички, имавме многу патувањА “ изјави Стефановски. Имавме вистински добра борба со моите конкуренти, приредивме вистинско шоу за публиката, верувам дека ќе го паметат, затоа што вакви времиња и вакви возења, не се направени на ниедна друга трка.

Тој им се заблагодари на својот тим, спонзорите, Министерството за спорт и своето семејство, кое – како што вели – „најсилно го трпи товарот“ од неговата кариера.

„Крај на една убава сезона со измешани емоции, но и многу искуства. Можам да кажам дека навистина сум горд на луѓето околу мене, на мојот тим, на сите спонзори, на тимот на Ферари за овој резултат. Имавме навистина сериозна конкуренција. Бузет е една од моите најомилени трки. Веќе размислуваме за следната година и со кој автомобил ќе настапуваме. Горд сум што достоинствено ја претставивме Македонија, “ додаде Игор Стефановски –Иџе.

Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и во оваа сезона. Остануваме посветени во поддршката на автомобилскиот шампион. Заедно ќе продолжиме да навиваме за Иџе и за Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот под Пелистер е под контрола, активни девет пожари

Пожарот под Пелистер е ставен под целосна контрола по жестоката битка со огнот во текот на ноќта, соопшти првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот под Пелистер е под контрола, активни девет пожари

Новото опасно жариште е кај селото Градец во општина Врапчиште, каде што гори борова шума. Според информациите на ЦУК, од 23 пожари на отворено регистрирани вчера, девет жариште се сè уште се активни. Гори кај Ресен, во околината на село Подмочани, каде гори борова шума и ниска вегетација; кај Сарај – меѓу селата Копаница и Радуша; во Зелениково – над село Палиград, гори мешана шума; активен пожар има во Чашка – над село Нежилово, на местото Сватови, во Боговиње – кај село Урвич,.. Во Ново Село – меѓу селата Барбарево и Стиник, зафатени се ниска вегетација и мешана шума; гори стрниште во струшко Долна Белица, како и ниска вегетација во село Ловен, Кривогаштани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Бугарија го интензивира притисокот за случајот со Ива Михаилова. 

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Најмалку шест бугарски пратеници дојдоа да го следат денешното рочиште во кочанскиот суд , каде продолжи судењето против Михаилова, која има двојно државјанство - македонско и бугарско. Пред рочиштето, роднините на Ива во Кочани одржаа симболичен протест пред зградата на судот, а паралено во Софија пред македонската амбасада протестираа десетици поддржувачи предводени од Виктор Стојанов од бугарската „Фондација Македонија“, кому му е забранет влез во Македонија.

Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Овој случај ја крена на нозе официјална Софија со реакции дека таа е дискриминарана, откако судот во Кочани и го одби барањето да и бидат вратени лични документи одземени со мерките на претпазливост за да може да се лекува во Бугарија, поради опасност од бегство, но и поради проценка дека за такво лечење има услови во Македонија. Според адвокатот Јанаки Митровски, во конкретниот случај се гледа намера да се политизира случајот од бугарска страна. Михаилова, вели тој, во овој момент е невина, а нејзината презумпција на невиност треба да се почитува до крај, но тоа не значи дека против нејзе не треба да се применуваат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи поседувањето на два пасоша според него ја прави ризична за бегство.

-Во конкретиот случај се гледа јасна интенција на бугарската политика и особено на дел од помалите т.н екстремистички партии да го политизираат случајот односно лажно да претставуваат дека Ива Михајлова е некаква жртва, односно дека за нејзе важат посебни процесни правила од оние кои што важат за сите останати кои се нашле пред судовите во Македонија. Ако истата ја напушти државата во Бугарија, Бугарија и Македонија не екстрадираат свои граѓани и процесот против нејзе нема да продолжи. Ништо не ја спречува бугарската држава или пратениците кои се дојдени, нивните партии, да предложат да речеме гаранција од милион евра којшто е гаранција дека нема да се даде во бегство, но тие тоа намерно не го чинат, затоа што премногу не им е гајле за Ива Михаилова колку што им е гајле да ја користат како алатка за пропаганда, изјави Митровски.

Бугарското МНР и бугарскиот државен врв - претседателката Јотова и премиерот Радев во повеќе наврати го експонираа овој случај како доказ за наводна дискриминација од македонските институции на лицата со бугарски идентитет. Според поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев во овој случај не постои никаква дискриминација и се креира вештачки конфликт.

– Нема никаква дискриминација на нејзините човекови права, затоа што таа има двојно државјанство, таа е македонски државјанин, како таква функционарала во Македонија а сега само се прави конструкција да на некој начин вештачки се произведе некој конфликт којшто не постои, затоа што таа треба да си одговара пред макеоднските закони како македонски државјанин. Ова е негативна манифестација од проблемите кои можат да произлезат од двојното државјанство, изјави Ѓорчев.

Сепак, тој смета дека случајот Михаилова не може значително да ги влоши односите меѓу Скопје и Софија, бидејќи Македонија според него веќе има искуство со случајот со Спаска Митрова и Пендиков, кои имаа двојни државјанства, а беа повод на констинуирани обвинувања од Софија за дискриминација и пристрасност од македенските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Сите закони за кои е потребен бадентер ќе бидат ставени на гласање

Бројните процедурални зебелешки и реплики со кои пратениците од ДУИ ја блокираа седницата пред летните одмори е злоупотреба на Деловникот, смета спикерот Африм Гаши.

Гаши: Сите закони за кои е потребен бадентер ќе бидат ставени на гласање

Според него ваквите злоупотребни не треба да бидат причина за предвремени парламентарни избори. Распуштање на собранието е можно само со 61 пратеник, посочи собранискиот спикер на првиот брифинг со новинарите по летните одмори.

-На денешната коориднација немаше никаква најава од ДУИ дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници. Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат. Не треба една злоупотреба на Деловникот да предизвика предвремени избори, но тоа е политичка одлука и за неа може да се решава и на друго ниво, посочи спикерот Гаши.

Најголем предизвик во парламенот и по летните одмори на пратениците останува гласањето за законите за кои е потребен Бадентер. Меѓу нив се Законот за правична застапеност, за локална самоуправа, Законите за високо образование и висока раководна служба кој е дел од реформската агенда и уште десетина други, за кои Гаши најави дека ќе бидат ставени на седница но дека е потребно претходно да се даде време за дијалог и дискусија и да се обезбеди поддршка и од пратениците на ДУИ.

-Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам да ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера, тогаш се разговара на друго политичко ниво. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но им оставам на политичките актери да го решат. Не можам да оценам дали лидерска средба би помогнала или не, но не може да се најде решение ако не се седне да се разговара, порача Гаши на брифингот.

Засега освен Законот за висока раководна служба со Собранието не е доставен друг закон од реформската агенда, но Гаши рече дека таквите закони се третираат со највисок приоритет и дека како што пристигнуваат во Парламентот веднаш ќе бидат ставени на дневен ред. Очекувањата на собранискиот спикер се дека до крајниот рок 31 декември ќе бидат донесени сите триесетина закони кои ги бара Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер