АвтомобилизамИџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патекиИгор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1.Со своето „Ферари“, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат. „Завршен е Бузет. Феноменална трка и атмосфера. Горд сум што многу луѓе од Македонија беа тука. Трето место во група 1 во финалната класификација во овој шампионат е голем успех за мене и за мојата Македонија. Сезоната беше долга, со многу предизвици, но и со пиедестали, победи и убави моменти, Завршени се 11 трки, низ цела Европа. Имавме преубава тркачка сезона. Морам да бидам искрен и да спомена дека имавме и предизвици, и физички и психички, имавме многу патувањА “ изјави Стефановски. Имавме вистински добра борба со моите конкуренти, приредивме вистинско шоу за публиката, верувам дека ќе го паметат, затоа што вакви времиња и вакви возења, не се направени на ниедна друга трка. Тој им се заблагодари на својот тим, спонзорите, Министерството за спорт и своето семејство, кое – како што вели – „најсилно го трпи товарот“ од неговата кариера. „Крај на една убава сезона со измешани емоции, но и многу искуства. Можам да кажам дека навистина сум горд на луѓето околу мене, на мојот тим, на сите спонзори, на тимот на Ферари за овој резултат. Имавме навистина сериозна конкуренција. Бузет е една од моите најомилени трки. Веќе размислуваме за следната година и со кој автомобил ќе настапуваме. Горд сум што достоинствено ја претставивме Македонија, “ додаде Игор Стефановски –Иџе. Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и во оваа сезона. Остануваме посветени во поддршката на автомобилскиот шампион. Заедно ќе продолжиме да навиваме за Иџе и за МакедонијаТагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБаерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра. Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра. Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“. Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн. Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула. Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина. Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор. „Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд. Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter