Отстраниле 6.000 стаорци и 60 кози од остров на кој имало само едно дрво: Вегетацијата се зголемила за 2.000 проценти
1Отстраниле 6.000 стаорци и 60 кози од остров на кој имало само едно дрво: Вегетацијата се зголемила за 2.000 проценти
Други спортовиИџе: Титулата и пласманот поважни од победата На најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе му е потребен само еден бод на претстојната трка во Словенија за да ја одбрани титулата европски шампион на ридски патеки.Поради ова Иџе за оваа трка најави повнимателно возење без оглед што негов заштитен знак на европските брда станаа победите, триумфирајќи на осум од 10 трки во досегашниот тек на шампионатот. - Досега на сите трки одевме на победа како наша единствена опција, но сега, во Словенија, пласманот во бодови е поважен од постигнување на најдобар резултат во групата Н, па така ќе имам малку порезервиран настап без непотребно форсирање. Не сакам да ризикувам некое излетување или технички дефект со што би се довеле во ситуација за титулата да решава последната трка во Хрватска, најавува Иџе. Минатата година Стефановски триумфира во Илирска Бистрица со нов рекорд на патеката во групата Н. Конкуренцијата годинава е бројна и жестока и во групата Н, заедно со Стефановски пријавени се 16 учесници. - Патеката е интересна и пред се техничка. Таков тип на патеки добро ми лежат и досега на сите вакви трки извојував убедливи победи. Но, како и секоја друга патека има и свои опасности, а посебно би издвоил две шикани до кои се доаѓа со голема брзина. Организацијата е беспрекорна, има многу публика, а патеката е одлично подготвена. Словенците лани имаа шанса да ме видат во вистинско светло, но овојпат, титулата е сепак поважна, додава Стефановски. Патеката во Илирска Бистрица е долга 5.010 метри, а ќе се возат две трки. Доколу утре Иџе оствари пласман ќе биде првиот возач по пауза од девет години на кого му успеало две сезони по ред да биде најбрз на ридски патеки во категоријата 1. Последен кој успеал да ја одбрани титула е Германецот Јорг Вајдингер во 2005 и 2006 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЏими Конорс: „Го отпишуваат Ѓоковиќ бидејќи има 39 години, како да не разбираат што прави Новак“Легендата на светскиот тенис, Американецот Џими Конорс уште еднаш застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и му објасни на целиот свет дека прави голема грешка кога го отпишува.Во Пекинг, најдобриотсветски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја освои 102-рата титула во кариерата и со тоа се доближи до легендарниот Џими Конорс, кој има 109; меѓу нив се наоѓа Роџер Федерер со 103. Токму човекот со најмногу трофеи повторно застана во одбрана на српскиот тенисер. „Можете да зборувате што сакате за Ѓоковиќ, но тој не е играч што го земам здраво за готово. Сите мислат дека е готов бидејќи има 39 години. Никогаш не треба да отпишувате играч како него“, започна Конорс. Тој детално објасни зошто смета дека луѓето претеруваат кога го отпишуваат Ѓоковиќ, како да не разбираат... „Доаѓаш во фаза кога секој меч е најважен. Особено за него, нели? Сè уште има малку време, крајот на кариерата се ближи и тоа е јасно. Сепак, мора да се разбере дека Новак патува низ целиот свет, поминува време далеку од семејството; го прави тоа бидејќи е фокусиран и ја сака играта.“ „Премногу зборуваме за помладите“ Тој се надева дека српскиот тенисер ќе успее да се пласира на Завршниот мастерс во Торино. „Да видиме што ќе се случи. Синер се повлече, а тоа му го отвора патот кон Завршниот мастерс. Премногу зборуваме за помладите играчи, ајде малку да зборуваме и за ветераните“, заклучи Конорс.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОтстраниле 6.000 стаорци и 60 кози од остров на кој имало само едно дрво: Вегетацијата се зголемила за 2.000 процентиНа островот Редонда – мало и ненаселено карпесто парче земја во Карипското Море што ѝ припаѓа на државата Антигва и Барбуда – од некогашното бујно зеленило останало само едно дрво.Децениското уништување го претворило ова место, долго повеќе од километар и половина, во сива и гола карпа што полека се рони и се уривало во морето. Сепак, таму се случи едно од најголемите еколошки чуда на модерното време, природата целосно се обнови, и тоа без ниту едно засадено растение. Еколозите не населија повторно ниеден животински вид ниту засадија нови садници. Нивната единствена задача била да ја отстранат причината за катастрофата — околу шеесет диви кози и речиси 6.000 црни стаорци. Ефектот од оваа акција бил неверојатен, пишува CNN. Оттогаш, вегетацијата на островот е зголемена за повеќе од 2.000 проценти, петнаесет видови копнени птици се вратиле на карпите, додека популацијата на реткиот црн гуштер, кој не живее никаде на друго место на планетата, е зголемена тринаесет пати. Свесна дека островот е на работ на целосно уништување, владата на Антигва и Барбуда во 2016 година започнала опсежен проект за ревитализација, во соработка со локалната организација „Environmental Awareness Group“ и меѓународни невладини организации, меѓу кои и „Fauna & Flora“. Првиот чекор беше исклучително тежок: еколозите мораа рачно да ги фаќаат козите на мошне стрмни карпи, а потоа со хеликоптер да ги префрлат на безбедно, на соседната Антигва. Потоа следеше борба против стаорците. Стручниот тим кампувал непрекинато два месеца на оголените карпи на Редонда, поставувајќи отровни мамки во секоја пукнатина и пештера. Во текот на првите ноќи, истражувачите слушаа како илјадници глодари трчаат околу нивните шатори. Упорноста вроди со плод – во 2018 година, Редонда официјално беше прогласена за остров без стаорци, а тој статус успешно се одржува и денес. Денес, Редонда повторно е зелен карипски рај. Случајот со овој остров стана глобален пример за тоа како природата поседува неверојатна моќ за самообновување, под услов луѓето да ѝ помогнат преку отстранување на инвазивните видови што самите ги донеле. Кристофер Колумбо ја здогледал Редонда уште во 1493 година, но никој не стапнал на нејзините стрмни карпи во текот на следните двесте години. Она што конечно ги привлекло луѓето во 19-тиот век биле милионите морски птици, или поточно нивниот измет – гуаното. Овие природни слоеви, нарекувани „бело злато“, масовно се користеле како врвно ѓубриво и како клучна состојка во производството на барут. Во екот на експлоатацијата, од островот годишно се ваделе и до 4.000 тони гуано. Рударските активности биле целосно прекинати со избувнувањето на Првата светска војна. Луѓето го напуштиле островот, но животните што ги донеле со себе останале таму. Козите лакомо ја јаделе секоја вегетација што никнувала од земјата, додека црните стаорци немилосрдно ги напаѓале јајцата на птиците, пилињата и локалните гуштери. Без корените на растенијата што ја држеле почвата, карпите и земјата почнале да се лизгаат во Карипското Море, задушувајќи ги коралните гребени и морското дно. Птиците престанале да се гнездат, а на крајот и самите кози почнале да гладуваат, па нивните скелети ја прекриле оголената карпа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на ЏибутиНајмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter