3ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
Други спортовиИџе со хазардерско возење до херојското трето местоМакедонскиот возач на тренинзите во Словачка остана без третата брзина од менувачот, но со трка на „се или ништо“ стигна до важни бодови во трката за евопската титулаНајдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои третото место на осмата трка од Европското првенство на ридски патеки, што викендов се возеше на патеката Добшински Копец во Словачка. Водечкиот во генералниот пласман повторно „преживуваше“ тешки моменти по откажувањето менувачот на брзините на саботниот тренинг и се соочи со опасност предвреме да ја напушти трката. Благодарение на огромната желба за освојување на европската титула и на способноста на механичарот Тихо Матевски, Иџе со хазардерско возење во втората трка успеа зад себе да го остави најголемиот конкурент во групата Н, Јири Лос, но мораше да се задоволи со трето место зад домашните автомобилисти Петер Јурена (6.02.144 минути) и Властимил Мајрчак (6.02.456 минути). - На саботниот тренинг останав без третата брзина од менувачот. Бидејќи не можевме да го поправиме имавме две опции: да се спакуваме и да тргнаме дома за да го поправиме дефектот и да можеме навреме да стигнеме на следната трка во Германија или да се обидеме со резервниот, ама стандарден менувач. Сите ми велеа дека немам шанси да направам нешто со тој менувач, но механичарот Матевски го направи невозможното. Имав големи проблеми во првата трка бидејќи овој менувач не е мапиран со елктрониката и со моторот и имав послабо време од Мартин Јерман (третопласиран во групата Н), а бев скоро израмнет со Лос. Во вториот настап решив да одам на „се или ништо“, во два наврати за малку ќе излетав од патеката,но тоа ми се исплатеше и по се што се случи викендов задоволен се враќам од Словачка – изјави Стефановски. Иџе патеката долга 6.810 метри ја мина за време од 6.05.397 минути (3.03.179 и 3.02.218), четврт беше Лос (3.03.182 и 3.02.685 минути), а петти Јерман (3.02.904 и 3.04.937). Јаромир Мали го освои првото место во групата А и со 25 бода му се приближи на Стефановски во трката за титулата. Иџе и понатаму е прв со 158 бода, пред Мали кој собра 125 поени. Следната трка е наредниот викенд во Германија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл. Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди. Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter