СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра
2СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра
3МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво
Други спортовиИџе на дружба со атлетите од Специјалната Олимпијада Европски шампион на ридски патеки во категорија 1 и најдобaр македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе денеска оствари средба со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија. Целта на оваа дружба е споделување на искуства и успеси кои атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија и Иџе ги остварија во изминатиот период.Со тоа популарниот Иџе стави точка на најуспешната сезона како за него така и за историјата на македонскиот автомобилизам освојувајќи ја шампионската титула во Категоријата 1 со вкупно освоени 236 бода. Специјалната Олимпијада на Македонија на неодамнешните „Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада“ во Белгија освои четири бронзени медали. На победничкиот подиум се искачија Ајбази Себаат - атлетика 200 метри, Христијан Тутурески - атлетика 100 метри, Живко Стојанов - пинг понг и Александар Цветковски - бадминтон. Настапот на ова меѓународно натпреварување на атлетите од Македонија го помогна компанијата „Мотоцентар“. - Сите наши атлети се натпреваруваа во новата спортска опрема која што ја донираше компанијата „Мотоцентар“, со која бевме унифицирани и со која бевме репрезентативни натпреварувачи на игрите“, изјави Ана Петровска, Национален директор на Специјална Олимпијада Македонија. „Мотоцентар“ е компанија која е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија. - Сакавме да придонесеме во подготовките за годинешните летни игри и сметавме дека покрај сите останати работи кои им се потребни на нашите атлети, сепак дека спортската опрема е секогаш нај добредојдена. Затоа ние се насочивме кон таа цел, да нашите репрезентативци имаат нова спортска опрема. Знаеме дека ова е само мал дел од поддршката која име потребна, но се надеваме дека истата ќе допринесе во мотивацијата на нашите атлети. Ние секако ќе продолжиме со нашата поддршка за Специјалната Олимпијада на Македонија и нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски Иџе“, изјави директорот на компанијата „Мотоцентар“ Горан Гроздоски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАПо драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ ја отвори душата- Каде и да е тато ...Еден од најдобрите светски кошаркари, НБА ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна.По драмата околу борбата за децата, еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот Лука Дончиќ ја отвори душата како никогаш досега. Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна, а неговата најнова објава на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста. Словенечкиот кошаркарски ас објави серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија, придружени со порака што кај многумина предизвика солзи во очите. „Г и О, без оглед на тоа каде во светот се наоѓа тато, не поминува ден а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“ – напиша Лука Дончиќ покрај фотографиите од своите девојчиња. View this post on Instagram A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) Овој пост на Лука доаѓа по исклучително бурен период во неговиот приватен живот. Дончиќ раскина со мајката на Габриела и Оливија, Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка и свршеница. Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, поради што нивното раскинување предизвика бројни реакции. Лука и Анамарија се запознале уште како тинејџери, а нивната врска траела со години. По бројни подеми и падови, тие се свршиле во 2023 година, а потоа добиле две ќерки. Сепак, нивната љубовна приказна немаше среќен крај.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите„Единствена Русија“ на Владимир Путин оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија.Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите.. Според прогнозите на ТАСС, владејачката партија е на добар пат да го задржи двотретинското мнозинство во Државната Дума со 450 места.. Изборите се одржаа и на окупираните териториии во Украина, анектирани од Русија и ова се први избори по руската инвазија во Украина.. Ниту една од партиите кои беа против војната не добија дозвола да влезат во изборната трка.. Вчера на последниот ден од гласањето Украина лансираше беспилотни летала кон Москва, при што загинаа две лица а беше запалена рафинерија за нафта Русија најави интензивирање на нападите кон Киев, и ја обвини Украина дека се обидела да „ја потисне демократската волја на руските граѓани“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евраГраѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра.Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони. Веќе објавивме - нова зделка вредна 13,2 милиони евра. Компанијата „METER&CONTROL“ од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group“, која се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк меѓу „Руднап“ и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ. Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа. Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е партнер и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“, модел кој сега се најавува и во Македонија. Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци. Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар. Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска. „Руднап“ е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски. За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја. За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра. Прес-конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook