ИДФ: Телото предадено од Хамас е идентификувано како американско-израелски војник - Канал 5

ИДФ: Телото предадено од Хамас е идентификувано како американско-израелски војник

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека синоќа предадените останки од страна на Хамас се идентификувани дека биле на војник киднапиран на 7 октомври 2023 година.

ИДФ: Телото предадено од Хамас е идентификувано како американско-израелски војник

ИДФ наведе дека се работи за 19-годишниот Итај Чен, американско-израелски војник, кој исто така имал германско државјанство.

Смртта на Чен официјално е потврдена на 10 март 2024 година“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка

Употребата на бомбата EF-SON е суспендирана до понатамошно известување во сите полициски операции во Франција, откако 15-годишен ученик во Ленс ја изгуби дланката. 

Франција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка

Наредбата ја издаде денеска генералниот директор на полицијата, Луј Ложие.

Ограничувањето претходно важеше само за протести на средношколци, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, според телеграма од генералниот директор на полицијата, која ја виде „Ле Фигаро“.

Протестите се во тек низ цела Франција од септември, иницирани од студенти и ученици, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем. Набрзо им се придружија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот.

Демонстрантите бараат зголемување на платите и специфични социјални и економски мерки од владата. Синдикатите предупредуваат дека зголемувањето на трошоците за живот ја намалило куповната моќ на вработените и дека голем број вработени во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата.

Синдикатите веруваат дека разговорите со француската влада досега не дале конкретни резултати. Премиерот Себастијан Ле Корнеј најави едномесечни разговори за пет области, вклучувајќи и итни мерки за зголемување на минималната плата, но синдикатите инсистираат на општо зголемување на платите, а не само на прилагодувања на минималната плата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Вечерва во Ургентниот ценатар на Клинички во Скопје  е донесена тешко претепана жена.

Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Жената, според извори на Канал 5 , е во тешка состојба. Ја претепал сопругот, кој е од Гостивар.

Според соопштението од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа четири скршени ребра( од седмо до десеетто), парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите.

Според последните информации жената е во критична состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Шерцингер е поврторно сингл- ја раскина свршувачката, вереникот во чудо (ФОТО)

Пејачката Никол Шерцингер и нејзиниот вереник Том Еванс се разделија по седум години врска.

Никол Шерцингер е поврторно сингл- ја раскина свршувачката, вереникот во чудо (ФОТО)

Веста за раскинувањето ја потврди 41-годишниот поранешен рагби играч со емотивна објава на Инстаграм.

„Со тешко срце објавувам дека Никол и јас повеќе не сме заедно. По седум години љубов, посветеност и верба во заедничка иднина, ова е исклучително тежок период“, напиша Еванс.

„Иако не се надевав на ваков исход, ја почитувам одлуката на Никол и ѝ посакувам многу среќа во ова ново поглавје од нејзиниот живот“, додаде тој.

48-годишниот пејач сè уште јавно не ја објавил раскинувањето.

Тие се запознале на снимањето на шоуто

Никол и Том се запознале во 2019 година на снимањето на „The X Factor: Celebrity“. Тие ја започнале својата врска кон крајот на истата година, а како пар се појавиле јавно за прв пат на почетокот на 2020 година, на црвениот тепих на забавата одржана по доделувањето на наградите „Златен глобус“. Во 2021 година, во интервју за The Sun, Еванс призна дека на почетокот не се осмелил да ѝ се додворува на пејачката. „Мислев дека ќе биде непрофесионално, а таа е убава и шармантна во секој поглед. Мислев дека е едноставно надвор од моите можности“, рече тој во тоа време.

Тој исто така се присети на моментот кога се запознаа подобро.

„Откако мојот бенд Try Star имаше прилично незгоден настап со „Swing Low, Sweet Chariot“ и таа нè спаси во шоуто, отидовме во нејзината гардероба за да ѝ се заблагодариме. Тоа беше прв пат навистина да ја запознаам и од тој момент немав никакви сомнежи“, рече тој.

Планираа свадба на Хаваи

Поранешниот рагби играч ѝ предложи брак на пејачката во 2023 година, а таа еднаш откри дека планирале да се венчаат на нејзината родна Хаваи, додека сакале да ја организираат свадбената прослава во Европа. „Прославата ќе биде некаде во Европа. Освен тоа, сè уште не сум размислувала за ништо“, рече таа во 2023 година во разговор со радио водителот Крис Еванс.

„Двајцата ја сакаме Португалија, па мислам дека можеме да организираме прослава таму. Не ја познавав Португалија сè додека Том не ме запозна со таа земја, што ме воодушеви“, додаде таа.

Пејачката зборуваше и за својата желба за мајчинство

Во неколку наврати, Шерцингер отворено зборуваше за својата желба да основа семејство. Во интервју за „Сандеј тајмс“ во 2024 година, таа призна дека се радува на мајчинството, но дека бројните работни обврски ѝ го отежнувале остварувањето на таа желба.

„Никогаш не сум се плашела од тоа. Едвај чекам. Времето лета. Сакам дете, но работата ме повикува. Сепак, ќе морам да најдам време бидејќи навистина се радувам на раѓањето деца“, рече таа тогаш.

Таа откри и дека нејзината мајка разбира дека сè уште не основала семејство. „Мајка ми знае колку напорно работам и колку ја сакам својата работа. Таа е верник и едноставно знае дека сè се случува во Божјо време“, заклучи пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер