Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
СветИДФ: Се забрзуваат подготовките за првата фаза од планот на Трамп за завршување на војната во ГазаОбјавата дојде кратко откако Трамп му порача на Израел да престане со бомбардирањето на Газа откако Хамас прифати делови од неговиот план. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека ќе ги забрза подготовките за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа и враќање на преостанатите заложници, откако Хамас изјави дека прифаќа делови од предложениот договор и е подготвен да преговара за остатокот. Според соопштението на ИДФ, израелската Влада им наложила да се подготват за спроведување на планот на Трамп, јавуваат американските медиуми, додека „Тајмс оф Израел“ наведува дека ИДФ преминува на чисто одбранбени операции во Појасот Газа и нема да презема понатамошни напади. Објавата дојде кратко откако Трамп му порача на Израел да престане со бомбардирањето на Газа откако Хамас прифати делови од неговиот план. Трамп го поздрави соопштението на Хамас, велејќи дека верува дека тие се „подготвени за траен мир“. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа одржа итен состанок со своите најблиски соработници, на кој не присуствуваа министрите од крајната десница Безалел Смотрих и Итамар Бен Гвир, кои се противат на прекинувањето на војната, објавија израелските медиуми, додавајќи дека на состанокот учествувале министерот за одбрана Израел Кац и министерот за стратешки прашања Рон Дермер. Нетанјаху, според Канал 12, не го окарактеризира одговорот на Хамас на предлогот на Трамп како позитивен, наведувајќи дека бил „претежно негативен“, но оценил дека милитантната палестинска група ги прифаќа напорите на Трамп бидејќи не гледа друга опција. Канал 12 објавува проценки во Израел дека Хамас веројатно ќе поднесе приговори на предложениот план и ќе побара гаранции во врска со преостанатите елементи од договорот, особено во врска со повоената Газа. Ова се очекува за време на најавените преговори, закажани за утрењ во египетското летувалиште Шалм ел Шејк, за почетната фаза на ослободување на заложниците и повлекувањето на израелските воени сили, што, како што е оценето, веројатно „дополнително ќе го комплицира процесот“. Истовремено, ИДФ ги предупреди Палестинците да не се враќаат во градот Газа ниту да им се приближуваат на израелските трупи во други делови од Појасот Газа за време на паузата во воените активности. -Војниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште го опкружуваат градот Газа и враќањето таму е многу опасно, изјави портпаролот на ИДФ, Авишаи Адрае, конкретно споменувајќи дека опасната зона е северниот дел од Појасот Газа.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско. Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранителиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина. -„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. Тагови: Володимир Зеленски Киев Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05