ИДФ: Извршивме рации во домови на високи функционери на Хамас во градот Газа

Израелските трупи извршиле рација во домовите на високи функционери на Хамас во населбата Римал во градот Газа и распоредиле борци во областа, соопштија израелските одбранбени сили.

Специјалците пронашле „35 влезови во тунели“, се вели во соопштението.

„Римал се смета за луксузен кварт на Појасот Газа во кој живееле високи команданти на Хамас и го користеле цивилниот простор за активности и таргетирање на тероризмот“, се додава во соопштението.

Како што е случајот со многу соопштенија за печатот на ИДФ, изјавата е придружена со видео кое наводно прикажува голем број оружје на Хамас пронајдено од војниците.

Наведено е дека пронашле воен камп „кој го користел техничкиот оддел на военото разузнавање на Хамас“ и за време на кој „лоцирал складишта за муниција и седум ракетни фрлачи“.

Извештаите се непроверени, објави Скај Њуз.

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов потврди дека издал налог за вонреден инспекциски надзор во прилепската болница за случајот со двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена.

-Издадов налог и денеска ќе се изврши вонреден инспекциски надзор во болницата. Ќе се проверува сета документација врзана со новороденчињата. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе имаме извештај за надзорот на инспекторатот, рече Лазов.

Јавниот обвинител при прилепското основно јавно обвинителство Стевчо Биноски ја побарал документацијата од болницата и од службата на Итната помош која интервенирала во семејниот дом во прилепското село Славеј од каде било пријавено дека бебињата се во тешка здравствена состојба и била побарана лекарска помош.

-Се чека наодот од обдукцијата на бебињата. Ја очекувам и медицинската документација од болницата и од службата за итна помош за потоа да побарам искази, рече Биноски.

Од Центарот засоцијални работи информираа дека нивна екипа и денеска го посетила семејниот дом на младите родители во Славеј за да видат во какви услови е домаќинството каде сега се другите три деца на младата брачна двојка.

Бебињата, машко и женско се родиле на 30 декември во прилепската болница како недоносени, во 34 гестациска недела и со тежина помала од два килограми. Како што информираа од Болницата, на 10 јануари мајката, на своја одговорност, заминала со бебињата од болницата кои биле во добра општа состојба. Во четвртокот родителите повикале Итна помош зашто бебињата биле во тешка здравствена состојба. Едното бебе, машко, починало во домот, а другото во прилепската болница. Лекарите се обидувале да го реанимираат и да го затоплат, но безуспешно.

-На 16 јануари во 10,45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче, известија во петокот од Болницата за трагичниот случај.

Извештајот од вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го очекува и основното јавно обвинителство.

Русин со лажен пасош украл 190.000 евра од туѓа сметка

 Во Санкт Петербург, Русија, уапсен е маж осомничен дека украл 20 милиони рубљи (околу 190.000 евра) од сметка во Москва, со лажен пасош, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.

„Осомничениот ја искористил својата физичка сличност со сопственикот на сметката за да украде пари... Осомничениот прво извадил лажен пасош со своја фотографија и туѓите лични податоци, а потоа од мобилниот оператор на кого му го покажал лажниот документ побарал дупликат од СИМ-картичката што наводно ја изгубил“, напиша Волк на „Телеграм“.

Според наводите, против уапсениот е поведена кривична постапка.

Таа посочи дека осомничениот потоа користел мобилна апликација за да ги добие потребните информации за банкарските сметки и од нив подигнал околу 20 милиони рубљи. Потоа, се наведува, им ги испраќал парите на своите соучесници.

Папата Франциск го нарече „срамен“ планот на Трамп за депортирање имигранти

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации.

Во интервју за италијанскиот телевизиски канал Канале 9, папата Франциск рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, пренесоа денеска светските агенции, додавајќи дека употребата на груби зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Римокатоличка црква.

Тој смета дека овој план ќе им овозможи на „мигрантите, кои немаат ништо, да платат неплатена сметка“.

„Тоа не функционира. Така не сe решава проблемот“, рече папата.

притисни ентер