3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
СветИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат Израелската армија синоќа започна воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, насочувајќи се кон она што го нарекува инфраструктура на либанското милитантно движење Хезболах, поддржано од Иран.Цел на нападите е населбата Дахија, густо населен комерцијален и станбен округ во јужните предградија на Бејрут, објавува Гардијан. Израелските одбранбени сили еден ден претходно наредија итна евакуација на жителите на јужните предградија на Бејрут, каде што живеат околу 500.000 луѓе кои се обидуваа да избегаат во огромни конвои возила кои едвај се движеа поради толпата. Гардијан објави дека сообраќајот е во целосен застој низ целиот град и илјадници луѓе пешачат, жени туркаат колички меѓу запрените возила. Семејствата ги молат службите за спасување да им помогнат на постарите лица кои не можат сами да излезат од своите станови и куќи. Израел од понеделникот напаѓа делови од областа Дахија, а десничарскиот израелски министер Безалел Смотрич денес се закани со општо уништување на тој дел од градот, што важи за упориште на Хезболах. Наредбата за евакуација во градот Бејрут беше издадена еден ден откако израелската армија им нареди на сите жители да ја напуштат другата гранична област јужно од реката Литани, што е околу 10 проценти од територијата на Либан. Ова предизвика загриженост дека Израел се подготвува за копнена инвазија. Светските лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез, апелираа до Израел да ги намали нападите и да спречи ширењето на американско-израелската војна против Иран на нов фронт во Либан. Израел тврди дека му се одмаздува на Хезболах за неколкуте истрелани ракети врз северен Израел во понеделникот. Според либанското Министерство за здравство, во досегашните израелски напади се убиени повеќе од 120 лица, а околу 700 се ранети. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВисоките температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септемвриСпоред одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.Тагови: Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07